Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бакнав погрешен маж во диско и од тогаш животот ми се промени

Ме чекаше уште едно обично излегување со пријателките, како речиси секој викенд. Но, за некое чудо токму таа вечер научив колку животот може да биде непредвидлив.

baknav-pogresen-maz-vo-disko-i-od-togas-zivotot-mi-se-promeni-01.jpg

Игравме, ги чекавме пијачките и разговорите течеа. Во еден момент кога се потпрев на шанкот, почувствував како некој ме фати за струкот и ме повлече кон себе.

- Внимавај да не паднеш - ми рече низ смеење, момчето кое неодоливо потсетуваше на мојот пријател кој го обожавам, а не сум го видела со години затоа што се отсели.

Кога му го здогледав ликот се насмеав и гласно викнав од среќа.

- Од каде ти овде? Кога се врати? - и скокнав да го прегрнам.

Ми делуваше воодушевено и ме држеше неколку минути во прегратка.

- Што не ми се јави? Кога дојде? - му реков, убедена дека зборувам со Марко, својот пријател.

- Тука сум, со друштво. Ти кога дојде?

Наместо да му одговорам само го фатив за рака и го одвлеков на страна, мислејќи дека имаме многу за што да разговараме.

Во еден момент Марко ме фати со рацете за лицето и ме бакна. Зачудена, се извлеков и си мислам „зошто ме бакнува кога има сопруга и ќерка“...

Тој се смее, јас со минути стојам и се чудам.

- Чекај, чекај... Кажи ми како се викаш?

- Бојан.

- Што? Сигурен си дека не си Марко?

- Сигурно - ми одговори додека се смееше од срце.

Почнав нервозно да се смеам и избегав. За секунда се најдов надвор, каде сфатив колку всушност ми се допаѓа дечкото.

Решив да се вратам, да го победам срамот. Му објаснив што се случи и двајцата се смеевме без престан.

- Ова ми е бројот, јави ми се кога сакаш и ако сакаш - ми рече при крај од вечерта.

Разменивме броеви и си отидовме.

Се слушнавме утредента, и следниот ден. Сега веќе 5 месеци сме во врска и прекрасно е.

Изгледа понекогаш и не е толку лошо ако бакнеш погрешен маж...

Би можело да ве интересира:

Не се мажи за мажот што може да ти купува скапи работи, туку за мажот што вистински се грижи за тебе Омажи се за маж што пред сè сака ти да бидеш добро. Омажи се за мажот што се пој...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
„Не, ова не е љубов - туку немоќта на еден беден маж, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен од... „Да, и ова е љубов... Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми. Кога мис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg