Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моето момче е совршено... и затоа сакам да го оставам

„Моето момче е прекрасно. Навистина, апсолутно е совршен. И затоа се плашам да раскинам со него...“, започнува да раскажува една девојка која долго време е во агонија, која веројатно на многумина нема да им биде јасна.

moeto-momce-e-sovrseno-i-zatoa-sakam-da-go-ostavam-01.jpg

Ова е нејзината приказна...

„Минатата недела ми ја испегла облеката затоа што знаеше дека цела недела ќе бидам преокупирана со работа. Минатата ноќ ме донесе до дома на грб затоа што ме болеа нозете. Без никакви проблеми станува и ги мие садовите по вечерата.

Како што ви реков, навистина е совршен... И сакам да раскинам со него.

Не можам да наведам ниту една причина зошто. Не постои конкретна причина. Иако таа помисла постојано ми е на памет, таа потреба да побегнам, да излезам од сопствената кожа и совршената љубов.

Ќе го повредам, ќе му го скршам срцето и ќе ги уништам нашите животи заради еден мал хир.

Тој заслужува подобро по овие 7 години кои ги поминавме заедно. Заслужува причина.

Но, јас ја немам. Не се чувствувам погрешно кога сум со него. Ние сме целосно формиран пар во врска која е лесна и преполна со задоволства.

И баш заради тоа имам живописни фантазии во кои го затекнувам со друга жена или како тој вика на мене и вербално ме повредува... Тогаш барем би имала причина да го оставам.

Попрво би била повредена отколку да си ја гушам сопствената среќа.

Се плашам да го напуштам. Ужасно ми е тешко како нашите пријатели и семејства ќе го прифатат тоа. Се плашам затоа што немам што да кажам.

Жал ми е, те сакам, ме правиш среќна, но понекогаш мислам дека сум посреќна без тебе... Не ми звучи како добра причина.

Сепак мислам дека заслужувам среќа. Вистинска, потполна, апсолутна среќа која ќе ми го скокотка стомакот.

Верувам дека нема да ме разберете и дека ќе ме осудите... Но, само замислете си каков би ви бил животот без онаа единствена работа која ви го забрзува чукањето на срцето.“

moeto-momce-e-sovrseno-i-zatoa-sakam-da-go-ostavam-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg