Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 знаци дека сте во врска пред распаѓање

Понекогаш некои луѓе остануваат во врска колку да не се сами, поради навика или затоа што не им се појавило нешто подобро, а не затоа што толку многу сакаат да бидат со партнерот.

5-znaci-deka-ste-vo-vrska-pred-raspagjanje-01.jpg

Помалку или повеќе свесни, треба да ги препознаете овие 5 знаци кои ви укажуваат на тоа дека сте во врска пред распаѓање, која е подобро да ја прекинете на време.

Ако сè уште не сте доволно убедени, проверете дали ќе се препознаете:

1. Секс

Ако не сте доволно заинтересирани да го видите партнерот во поразголено издание и сексот еднаш месечно ви изгледа нормално и доволно, тогаш сигурно нема да бидете загрижени и нема да ви недостасува ако раскинете.


2. Иднина

Ако почесто размислувате за сопствен стан, мир, слобода во која се гледате сами или ако ретко, скоро никогаш, не разговарате за заедничката иднина, веројатно и ја немате.


3. Соло време

На секого му е потребно време за себе и тоа е сосема во ред. Но, ако ваквите моменти ви се потребни многу почесто и ако повеќе се радувате на нив отколку на излегувањето со партнерот, тогаш кажете му го тоа и уживајте во самотијата.


4. Флерт

Ова е веќе јасен показател дека е крајно време да ги расчистите работите, ако сите други со кои се погледнувате или разговарате ви се чинат подобри од партнерот до вас, тогаш веќе нема зошто да останете врзани во врската пред распаѓање.


5. Љубомора

Ако почесто сте љубоморни на вашите пријатели кои се во долги и среќни врски или на оние кои уживаат сами во слободата, отколку на партнерот, тогаш преземете го вистинскиот чекор и направате го тоа што треба за доброто на двајцата.

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg