Љубов vs. опсесија, која е разликата?

Често поставувано прашање кое понекогаш и самите не знаеме да си го одговориме, а тоа е дали сме заљубени или опседнати со некоја личност.

ljubov-vs-opsesija-koja-e-razlikata-1

Зарем е љубов ако не сакате партнерот да излегува со пријателите, туку сакате да седи дома и да мисли само на вас постојано или пак тоа е ваша опсесивна желба родена од желбата да бидете сакани?

Често луѓето чувствуваат недостиг на љубов во семејството или пријателскиот круг, па затоа кога ќе стапат во врска се однесуваат опсесивно кон партнерот и ја бараат сета таа љубов која не ја добиле во животот.

Но, не секогаш секој може да ја даде љубовта на начин на кој што очекувате вие, бидејќи доколку некој не ви покажува дека ве сака на очекуваниот начин, не значи дека не ве сака воопшто.

Доколку не сте сигурни дали навистина сте толку многу вљубени или само сте опседнати со партнерот, запрашајте се себеси: „Дали јас го сакам партнерот бидејќи очекувам да ми возврати или го сакам бидејќи тоа е чувство кое не можам да го контролирам?“

Доколку одговорот е чувството кое не можете да го контролирате, тоа е љубов, но доколку одговорот е очекувањето да ви возврати, тогаш тоа е опсесија.  Го сакате бидејќи сакате некој да ве сака.

Тогаш, време е да поработите на вашата самодоверба и заљубување во сопствената личност, бидејќи кога еднаш ќе се засакате себеси, ќе сфатите дека ничија друга љубов не ви е потребна, но сечија е добредојдена.

Запомнете, љубов не е кога сакате и чекате да ви биде возвратено, љубов е кога сакате и не барате ништо за возврат.

Спротивно на сето ова е опсесија. Воочете ја разликата и љубете наместо да бидете опсесивни, бидејќи тоа само ќе ги оддалечи луѓето од вас.

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава