Ако ги прави овие работи, време е да го откачите

Можеби веќе некое време не е сè како на почетокот и чувствувате струење на некои негативни вибрации. Сепак, сè уште сте вљубени, па се правите како да не забележувате или мислите дека ви се причинува нешто негативно.

ako-gi-pravi-ovie-raboti-vreme-e-da-go-otkacite-0001.jpg

Секогаш е тешко да се прифати кога нешто не оди, колку и да сакате, но мора да ги забележувате знаците околу вас.

Доколку прави некои од овие работи, подобро е на време да го откачите, пред тој да го направи истото:

1. Некогаш се јавува, некогаш не

Постојат денови кога се слушате и правите планови, но еднакво толку денови има и кога воопшто не се слушате, како воопшто да не постоите.


2. Се гледате исклучиво кај него дома

Се чини како неговиот дом да ви е единствено место за гледање, како да се криете за никој да не ве види.


3. Расположен и опуштен е само ако се напие некоја чашка

Штом се напие со другарите, веднаш му се подобрува расположението, ви се јавува, ви зборува, ви посветува внимание. Но, ако е обичен трезен ден, најчесто за сè ви замерува и ви префрла. Тоа не значи дека во виното е вистината, туку дека е аларм за што побрзо да си заминете.

ako-gi-pravi-ovie-raboti-vreme-e-da-go-otkacite-2.jpg

4. Има многу „пријателки“

Во ред е да се има големо друштво, нормално дека не треба да ги заборави другарите и другарките од претходно, но појавувањето на многу нови пријателки или ако почесто излегува со другарките отколку со вас, тоа е уште еден аларм.


5. Не е подготвен за сериозна врска

Почнува со изјави дека нема доволно време, не може да ви го посвети вниманието кое го заслужувате, не е тип за врска... подобро и вие да не бидете.


6. Ги коментира другите девојки со вас

Според него нема ништо лошо да го коментирате задникот на некоја девојка која поминува. Можеби ќе се потрудите да не забележувате кога ја мерка, но ако уште тоа самиот го истакнува, нема потреба да го трпите.


7. Почнува со изјавите дека заслужувате нешто подобро

Подобро послушајте го пред тој да си најде подобра и искористете ја шансата која ви ја дава, да си заминете прва.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава