10 Совети за обичната кавга да не прерасне во хаос

Нема совршена врска, дури и оние кои најмногу се сакаат и почитуваат влегуваат во разни кавги и расправии, но за да не се каете за кажаното почитувајте ги овие совети...

10-soveti-za-obicnata-kavga-da-ne-prerasne-haos-1

Секој пат кога сакате нешто да кажете размислете како тоа ќе влијае врз вашиот партнер, односно партнерка и не дозволувајте кавгата да премине во кршење на срцето:

1. Слушајте го/ја партнерот/ката

Пред да ја отворите устата, прво сослушајте што другиот има да ви каже. Не прекинувајте му/и ја мислата, бидејќи тоа ќе ви помогне вистински да погледнете од нејзина/негова перспектива.


2. Никогаш не влегувајте во кавга ако пиете

Ако сакате за нешто да се расправате, зборувајте на трезно. Кога сте под дејство на алкохол, се кажуваат најмногу работи кои никој не ги мисли, а подоцна и никој не може да ги заборави.


3. Имајте докази

Мислите дека ве изневерува? Тогаш прво пронајдете доказ, во спротивно обидете се да разговарате по мирен пат.


4. Џвакајте гума за џвакање

Ако почнувате да навлегувате во кавга само земете една гума за џвакање и наместо да возвратите со гласен тон, вие мирно ќе ја џвакате мастиката. Еден од вас мора да попушти, зарем не?


5. Дајте си по некоја минута

Кога започнувате да се расправате, само тргнете се во друга соба и вдишете длабоко. Разбистрете ги мислите, пред да експлодирате.

10-soveti-za-obicnata-kavga-da-ne-prerasne-haos-2

6. Држете се до сегашноста

Најголемиот проблем во кавгите е тоа што луѓето се навраќаат на минатото. Кавгата држете ја на сегашниот проблем, а не на нешто што одамна поминало.


7. Избројте до 10

Старото златно правило секогаш ќе ви помогне кавгата да не прерасне во хаос. Затворете ги очите избројте до 10 или до колку што ви е потребно и не дозволувајте да кажете нешто што не треба.


8. Зборувајте нежно

Ако зборовите кои ги кажувате во кавга се појавуваат на вашата кожа, размислете дали ќе беа убави? Контролирајте си го гласот и така ќе ги контролирате емоциите.


9. Разберете го/ја

Обидете да разберете зошто вашиот партнер или партнерка навлегува воопшто во кавга и што е тоа што му/и пречи. Дали навистина ги разбирате неговите/нејзините емоции и чувства?


10. Прошетајте

Понекогаш е подобро да излезете и да отидете сами на мала прошетка, отколку да кажете работи за кои подоцна ќе се каете. Не е лесно, но тоа ќе ви ја спаси врската.

Како вие се справувате со кавга? 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава