ТОЈ едноставно сака само секс, не надевај се на повеќе!

Постојат момци, кои се заинтересирани само за секс и ништо повеќе, но често девојките не го забележуваат тоа и се надеваат на тоа повеќе иако во суштина се надеваат на ништо.

toj-ednostavno-saka-samo-seks-ne-nadevaj-se-na-poveke-1

 Еве како да препознаете кога ТОЈ едноставно сака само секс, а вие не треба да се надевате на ништо повеќе или во друг случај веднаш да го откачете.

ТОЈ ви се јавува само во ноќните часови

Доколку тој се јавува само после полноќ и најчесто делува пијано при разговорот повикувајќи ве во својот стан или ноќниот клуб во кој се наоѓа, голема е веројатноста да сака само секс со вас.

Во спротивно би ве побарал и денски на кафе или на прошетка.


ТОЈ сака да се гледате само во домашни услови

Никако не сака да ве изнесе во јавност кажувајќи ви различни изговори. Следниот пат најдете и вие изговор зошто не сакате секс со него, секако дека и тој ќе најде изговор да ве откачи.


ТОЈ не се интересира да ве запознае

Доколку не се обидува да ве запознае како личност и не поставува прашања, сигурно сака само секс и ништо повеќе.


ТОЈ ви дава комплименти само за изгледот и секс вештините

Во ред е да добивате комплименти за физичкиот изглед или секс вештините од него, но доколку не добивате комплимент за останатите квалитети кои ги поседувате како на пример паметно размислување и слично, тој не гледа ништо повеќе од секс партнерка во вас.


ТОЈ е секс предмет, а ве третира исто и вас

Познат е како женкар низ градот и подалеку, едноставно е како секс предмет, а ве третира и вас на истиот начин со тоа што ве бара само за секс.

Доколку не го откачите на време не изненадувајте се ако ја сретнете вашата нерешена равенка со две непознати низ град.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава