Не претерувајте: Ова НЕ се знаци дека ве изневерува

Не постои жена која е имуна на помислата дека нејзиниот дечко или маж во одреден момент ја изневерува, емоционално или физички.

ne-preteruvajte-ova-ne-se-znaci-deka-ve-izneveruva-01.jpg

Но, никогаш не е добро од мува да правите слон.

Ова се 4 клучни ситуации во кои знаете да изреагирате претерано нападно, а НЕ се знаци на неверство:

1. Не се јавува на мобилен

Во овој хаотичен свет има толку многу работи кои се случуваат во моментот кога баш вие му вртите на мобилен. Поголема е веројатноста да работи и да се нервира, отколку да лежи со друга во кревет. Сепак, ако не се јавува 24 часа, тогаш може да прогласите алармантна ситуација. Но, и во овој случај може да не се работи за неверство, туку нешто многу посериозно.


2. Често оди во теретана

Секогаш постои можноста да сака да изгледа подобро заради некоја девојка, но постои и голема шанса да му е преку глава од неуредниот живот и нездравиот начин на исхрана. Затоа, наместо да се плашите, максимално поддржете го во неговата телесна трансформација.


3. Неговата сексуална желба се менува

За жал, опаѓањето на сексуалната желба е нормална работа. Стресот, семејните драми, проблеми со пари, кариера, здравје... Ако веќе се случува нешто такво, нема потреба да мислите на неверство. За промена, предложете нешто ново и возбудливо.


4. Нерасположен е додека е со вас

Верувале или не, и мажите имаат фази во кои се раздразливи. Наместо да снимите цел филм во глава, едноставно прашајте дали можете некако да му помогнете.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава