Тој сака секс, таа сака љубов

mazite-po-seks-zenite-ljubov-povekjeВи звучи познато? Ова е една од постојаните битки на полето на интимноста. Често се вели дека мажите даваат љубов за да добијат секс, а жените...

 

...го прават спротивното. Ова создава бојно поле во кое, и едните и другите се чуствуваат изнудено.

Секако, секој маж и секоја жена се комплетно индивидуални во своите размислувања, сфаќања и потреби во однос на љубовта и сексот.

Понекогаш жените се послободни во својата сексуалната активност или мажите се посветени на градење на солидна емотивна врска, но најчесто е сосема обратно.

Генерално, жените тежнеат кон длабока емотивна врска со партнерот, додека mazite-po-seks-zenite-ljubovмажите преферираат одредена дистанца од партнерката.

Жените секогаш се обидуваат да ги поттикнат, развијат и одржат емоциите во врската, додека мажите се обидуваат да го збогатат сексуалниот живот.

Жените размислуваат за брак, семејство и потомство, додека мажите фантазираат за секс на невообичаени места или во несекојдневни околности.

Жените очекуваат мажот да ги изненади со романтична вечера, а мажите очекуваат изненадување после вечерата.

Ова често создава непријатности во релациите помеѓу половите и најчесто и двете страни се чуствуваат незадоволно, неразбрано, изнудено и некомплетно.

Сепак, секогаш постои начин да се избегне битката и несогласувањата да се претворат во поле за соработка. Се што треба да направите е отворено да разговарате со партнерот.

Бидете искрени и отворени, разговарајте за вашите желби и потреби и никако не заборавјте да ја чуете и другата страна. Поставете правила со кои и двајцата ќе се согласите.

Бидете љубопитни и потрудете се да ги исполните желбите на партнерот. Не заборавјте дека вашиот партнер не може да ги чита вашите мисли, но може да ги исполни вашите желби.

Колку повеќе разговарате и се трудите да си угодите еден на друг, толку повеќе станувате свесни дека мажите и жените и не се толку различни.

Запомнете дека вашиот партнер е само фокусиран на другата страна, а длабоко во себе го посакува истото што и вие.

Отворете ги видиците и истражувајте!

Би можело да ве интересира:

Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg