Мали работи кои секој маж може да ги направи за одново да ја освои девојката

Понекогаш е потребно малку повеќе труд за да освоите некоја девојка, но и откако ќе ја придобиете не треба целосно да се опуштате.

mali-raboti-koi-sekoj-maz-moze-da-gi-napravi-za-odnovo-da-ja-osvoi-devojkata-01

Девојките сакаат да бидат одново и одново освојувани. Сакаат да имаат чувство дека ги посакувате или дека правите нешто што знаете дека ќе им се допадне само за да бидат среќни.

Го забележуваат и анализираат секој знак на внимание, а ако им значите, тогаш знаат и добро да возвратат.

Еднаш освоената девојка не е засекогаш ваша иако понекогаш имате такво чувство. Во првиот момент кога ќе се почувствува запоставено и заборавено може да ви стане недостапна и да треба сè одново да правите за повторно да ја освоите.

За да не се доведете до таква ситуација, постојат некои мали сосема обични работи со кои може да го задржите вниманието и да и го пружите задоволството да се чувствува посебно.

1. Кажувајте ѝ колку е слатка секое утро

Дури и ако изгледа целосно неуредно, бушаво и сонливо, знаете дека таа е најслаткото нешто во светот.


2. Секогаш земајте го предвид и нејзиното мислење

Ако навистина го цените нејзиното мислење покажете ѝ го тоа, така што ќе ја размислите и нејзината опција.


3. Дозволете ѝ да ве одведе на шопинг

Не мора да се облекувате според нејзиниот вкус и стил, но ако купите една маица што неа ѝ се допаѓа како ви стои, нема ништо страшно.


4. Кажувајте ѝ колку ви е важна

Кажувајте ѝ почесто. Тоа прави да се чувствува сигурно, а девојките знаат често да се сомневаат.

mali-raboti-koi-sekoj-maz-moze-da-gi-napravi-za-odnovo-da-ja-osvoi-devojkata-1.jpg


5. Понудете ѝ бесплатна масажа

Едноставно е, интимно и доволно за да ѝ покаже како лесно може да ја ослободите од стресот.


6. Не се плашете да покажете емоции

Тоа не значи да клекнете и да плачете, туку само да кажете како се чувствувате во некоја ситуација и да не се срамите од тоа.


7. Раскажете ѝ приказна од детството

Тоа што ќе слушне дел од вашето минато прави да се чувствува како да ја пуштате во светот каде малкумина стигнале. Тоа посебно ќе ја поврзе со вас и ќе ѝ влее доверба.


8. Покажете ѝ нежност колку што сака

Однесувајте се нежно, бакнувајте ја во вратот, држете ја за рака, шетајте низ паркот. Не ја одбивајте кога ви се умилкува и не правете да се чувствува непријатно. Таа треба да чувствува дека се гордеете со неа и не се срамите тоа да му го покажете на светот.

mali-raboti-koi-sekoj-maz-moze-da-gi-napravi-za-odnovo-da-ja-osvoi-devojkata-4.jpg

9. Кажете ѝ дека ви е најдобра пријателка

Нема ништо подобро од тоа да си во врска со најдобрата пријателка.


10. Остварете ги фантазиите во креветот

Бидете сигурни во себе и колку и да ви звучат чудно некои работи, пробајте ги. Остварете си ги фантазиите еден на друг.


11. Однесете ја на ручек со семејството

Колку и да не се најпријатни ваквите средби, нема девојка што не се чувствува почестена кога сакате да биде дел од вашето семејство.


12. Ставете ја раката во нејзиниот заден џеб

Ситна игра е, но прави да се чувствува секси.

mali-raboti-koi-sekoj-maz-moze-da-gi-napravi-za-odnovo-da-ja-osvoi-devojkata-2.jpg

13. Оставете ѝ порака на фрижидерот или перницата кога мора рано да излезете

Без разлика дали е за работа, пат или нешто ненадејно, покажете ѝ дека сепак таа е првото нешто на кое помислувате наутро.


14. Бакнете ја на челото

Познато е дека бакнежот на чело значи дека се грижите за неа, дека сте тука кога ѝ да треба.


15. Дозволете ѝ да си остава нејзини работи во вашиот стан

Девојките некогаш го прават тоа несвесно, но и со страв дека ќе ве исплашат или дека ќе бидат погрешно сфатени. Охрабрете ја дека тоа е сосема во ред. Ќе биде посебно среќна.


16. Направете некоја услуга за нејзините пријателки

Ако ја сакате неа, треба да ги сакате и нејзините најблиски пријателки. Понудете се да завршите некоја услуга за нив, ако таа ве замоли. Тоа ќе ѝ значи.


17. Дозволете ѝ да ве разгали

Девојките знаат да бидат и премногу нежни, романтични и разгалени, до степен да се однесуваат кон вас како да сте им мало бебе. Не секогаш, но одвреме – навреме дозволете ѝ да ве разгали и вас. Тоа е нејзин начин на покажување нежност.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава