Зошто да живеете заедно?

zosto-da-ziveete-zaedno-povekjeПред да се преселите кај партнерот/ката бидет сигурни дека тоа е нешто што и двајцата навистина го сакате и му се радувате, одвојте доволно време...

 

...и добро размислете. Запомнете дека секогаш ќе можете да се вратите доколку почувствувате дека заедничкиот живот и не е баш таков каков што сте се надевале. Доколку пак се покаже дека е тоа вистинскиот чекор - одлично!

Живеењето заедно е навистина голем чекор и голема промена. zosto-da-ziveete-zaedno

За да им олесниме на сите кои се двоумат, еве неколку позитивни страни:

  • Заедничкото живеење е поекономично. Заеднички трошоци, заедно ќе се научите како да ги распределувате парите нешто кое секако ќе ви биде потребно кога ќе бидете во брак.
  • Многу парови се презафатени со работни обврски, но сакаат да бидат заедно во секој слободен момент. Можеби не се спремни за брак, но живеењето заедно е вистински начин да се помине повеќе време заедно.
  • За оние кои размислуваат за брак, но не се сигурни колку се компактибилни, живеењето заедно е одличен тест за компактибилноста. Кога ќе се видат еден со друг и во најлошо можно издание и повторно ќе сакаат да бидат заедно, тогаш бракот е одлично решение.
  • Ако ја имате саканата личност почесто покрај себе, тоа може да ја направи врската поквалитетена, а вас многу посреќни, задоволни и опуштени.
  • Без разлика на тоа дали сте за или против бракот, живеењето заедно е вистински знак за поврзаност и силни емоции.


Во секоја подолга и посериозна врска, кога-тогаш се наметнува прашањето за заеднички живот. Одлуката е едноставна, но само доколку и двајцата добро знаете што сакате, немате преголеми очекувања и не се залажувате себе.

Впрочем секој од нас, најдобро знае што е најдобро за него/неа. Среќно!

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg