Како и каде да ја бакнувате?

kako-i-kade-da-ja-baknuvate-povekjeДали знаете како и каде да допрете девојка? Навистина постојат оние вообичаени места на женското тело кои им се познати на сите мажи, но има и одредени...

 

...делови од телото кои мажите ги забораваат.

Време е припадниците на посилиниот пол да научат каде уште можат да ја допрат својата партнерка, а при тоа да бидат оригинални и да ја излудат.

Ако научите како правилно да ја допирате својата партнерка, многу е веројатно дека набргу ќе добиете партнерка која подеднакво како и вие ќе ужива во најразличните сексуални активности.

Затоа допирајте ги оние делови од телото кои нејзините претходни партнери сигурно ги заборавиле и покажете и дека сте одличен љубовник. Па, токму затоа еве неколку предлози за вас.

1. 'Рбетотkako-i-kade-da-ja-baknuvate

Иако можеби таа не е свесна, но 'рбетот е една од најерогените зони на женското тело. Затоа поминете нежно по должината на целиот рбет со јазикот или прстите.

Посебно ќе ја возбудите ако се задржите на горниот крај од 'рбетот, на местото каде што почнува косата.

Потоа можете полека да поминувате по 'рбетот горе-долу. Ова се допири кои ги будат сите сетила и предизвикуваат силна возбуда.

2. Темето на главата

Додека ја бакнувате, истовремено масирајте и го темето. Правете го тоа барем во текот на една минута. Можете да ја масирате и кожата на целата глава.

Ако масажата ја правите додека ја бакнувате ќе и овозможите незаборавно задоволство. На кожата на главата се наоѓаат бројни нервни завршетоци, кои предизвикуваат исклучителна возбуда.

3. Рамената

Ова е навистина исклучително добро место за масажа. Можете да и ги бакнувате рамената, да ги масирате, па дури и нежно да ги грицкате.

Рамената многу често во моментите на интимност се неправедно занемарени, а станува збор за подрачје кое на жените им нуди големо уживање. Галењето и мазењето на рамената кај неа ќе предизвикаат вистинска возбуда.

4. Зглобовите на нозете

Дали сте се обиделе да и ги бакнувате нозете? Можеби на некого ова ќе му звучи чудно, но нозете се многу чувствителни и можат да предизвикаат огромно задоволство.

Можете да ги бакнувате и лижете, но немојте да ги грицкате бидејќи многу лесно може да ги повредите. Следниот пат кога ќе се мазите, овозможете и неверојатно задоволство и посветете им се на зглобовите на нозете.

5. Зад вратот

Верувале или не, подрачјето зад вратот кај многу жени предизвикува топлење. Толку многу се чувствителни на тој дел од телото да едноставно губат здив.

Затоа следниот пат, тргнете ја косата на страна и бакнувајте го задниот дел од нејзиниот врат. Така ќе и овозможите бескрајно уживање, а сигурно и таа ќе посака да ви возврати.

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg