Водич за мажи: Како жените сакаат да им ги допирате градите?

Сензуални масажи по туш и нежни стискања или допири со силен интензитет? Некои работи се пријатни и сензуални, а некои водат до силна иритација кај девојката.  

vodic-za-mazi-kako-zenite-sakaat-da-gi-dopirate-gradite-001.jpg

Постојат неколку грешки кои најголемиот дел од мажите ги прават при допирањето на градите на нивната партнерка. Пресилно всмукување доведува до чувство на непријатност, а силниот стисок е само непријатна болка за поголемиот дел од девојките.

Еве неколку работи на кои треба да обратите внимание кога ги допирате градите на вашата партнерка:

1. Допирајте ги градите стоејќи позади неа и притоа масирајте ги сензуално. Не може да види што правите па ќе биде повозбудена.

2. Бакнежите и всмукувањата можат да бидат многу возбудливи, но ако се концентрирате исклучиво на брадавиците и влечете јако, тогаш доаѓа до иритација и чувство на непријатност. Концентрирајте се и на кожата околу брадавиците.

3. Допирањето на градите под туш е идеално за предигра. Топлата вода ги шири крвните садови, а сапунот делува како лубрикант, па допирите стануваат уште посензуални.

4. Додека ја соблекувате протријте ги врвовите на нејзините гради преку градникот. Тоа и дава едно посебно чувство.

5. Поголемиот дел од жените сакаат нежна масажа на градите со повремени стисоци во кои опфатена е целата града, наместо постојани стискања. Не применувајте подолг период ист притисок на градата.

6. Обратете внимание на тоа дали ги трга вашите раце од нејзините гради. Тоа значи дека сака да преминете на нешто друго или пак не и се допаѓа токму тој начин на допирање на градите.

7. За да откритете колкав интензитет на допири сака на брадавиците, испробајте на себе си. Мажите и жените имаат подеднаков број на нервни завршетоци.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава