Вистинска приказна: На Фејсбук ја открила венчавката на нејзиниот дечко

Кога сте во врска секогаш постои непријатната можност да наидете на информации на Фејсбук кои ќе направат срцето да ви запре. Најчесто тоа е објава од неговата бивша или можеби нејзината мајка.

vistinska-prikazna-na-fejsbuk-ja-otkrila-vencavkata-na-nejziniot-decko-001.jpg

Но, за една девојка информациите во вид на серија фотографии биле далеку потрагични и вознемирувачки.

Минувајќи надолу по нејзината страна на Фејсбук, наишла на објава во која изгледа како нејзиниот дечко да се венчава.

Во пост на интернет страната ask.metafilter.com именуван како „Дали моето момче штотуку се зема?“ 23-годишната девојка објаснува дека е во врска на далечина со 29-годишен маж кој го запознала додека студирала.

Пред неколку недели наишла на фотографии објавени од негов пријател каде тој прави венчавка со неговата бивша девојка.

Кога се соочила со него и го прашала што е со сликите, тој и објаснил дека тие се „од видео за Универзитетот кое има за цел да им покаже на новите студенти колку е гламурозен животот на тој Универзитет“.

Инстантно корисниците на интернет страната и возвратиле со коментари во кои и објаснуваат дека тој навистина ја лаже и и даваат корисни совети за да го принуди да и ја признае вистината.

„Контактирај ја неговата жена. Ова е измама на ниво на психопат“ - напишал еден од корисниците.

Неколку часа подоцна објавила дека разговарала со него, но тој повторно ги исмејувал нејзините сомнежи.

„Ми кажа дека не ми го спомнал видеото бидејќи, знаел дека ќе бидам вознемирена и дека за неколку недели кога ќе биде готово видеото ќе ми го прати за да го видам и да се уверам дека не ме лаже.

Ми кажа прилично доста детали од тоа каква била неговата шминка, до тоа каква била организацијата.

Неговата бивша исто така порано предаваше на тој Универзитет, но сега е вработена во друга компанија.

Дипломците сметале дека најдобро е да се прикаже некаква љубовна приказна меѓу двајца професори кои предавале на тој Универзитет.

Го прашав дали снимањето било скапо и возврати дека било снимано во мал дел од некој хотел па не биле потрошени многу пари и додаде дека не би можел да разговара со мене ако би бил оженет.

Кога ќе размислам малку подобро можеби е во право иако, кога не ми кажа дека ме сака почувствував силна болка во градите.“

Дали му поверувавте?

Ниту еден од корисниците исто така не му поверувал.

„Да најверојатно се оженил. Можеш да пребараш по јавните архиви од лиценци за брак“, предложил еден од корисниците.

„НЕ си нерационална. И го имаш СЕКОЕ право да го прашаш. Доброто момче нема да те исмева и ќе ти објасни се како што е“ - е само уште еден од коментарите.

Во следната објава девојката објаснува како наишла на уште повеќе фотографии во кои се гледа и тортата, пријателите и роднините во еден од најлуксузните хотели од тој град.

„Гневна сум и ме боли срцето. Од една страна се чувствувам изневерено, а од друга страна пак, дел од мене се уште го сака. Колку и да звучи лудо, тој вториот дел од мене е среќен што си нашол некоја која вистински ја сака, но не знам какво ќе ми биде наредното утро без неговата порака за добро утро и неговиот глас“.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава