Најлесен и најбрз начин за да ја пронајдете љубовта на својот живот

Долго време сте сами и сметате дека нема таква личност која може да ви биде сродна душа, сите имаат некоја маана или постојано наоѓате нешто што ви пречи.

najlesen-i-najbrz-nacin-za-da-ja-pronajdete-ljubovta-na-svojot-zivot-01

Всушност, треба да се погледнете себе. Можеби токму во вас е проблемот и треба да промените нешто кај себе, доколку сакате брзо и лесно да ја најдете љубовта на својот живот.

1. Работете на себе

Еден од предусловите за среќна врска е првенствено е да се сакате и почитувате себе. Со други зборови, прво сами со себе треба да бидете во среќна и здрава врска. Поработете на себе и на својот  живот, за да можете да го надградите животот со друга личност. Несреќната личност не може да биде во среќна врска.


2. Барајте без срам

Ако сте во потрага по својата втора половина, немојте тоа да го криете. Меѓу вашите пријатели и нивните познаници можеби се крие личност со која би можеле да живеат среќно до крајот на животот, но прво мора да ја запознаете. Немојте да се срамите што сте сами и подгответе се да запознаете нови луѓе.


3. Посетувајте места кои ве интересираат

Ако сакате да танцувате, зачленете се во танц – клуб, ако сакате планинарење, зачленете се во планинарски клуб и така натаму. На такви места полесно се запознаваат луѓе, бидејќи првенствено имате исти интереси и љубов кон нешто, а тоа е одлична отскочна даска за подобро запознавање и дружење.


4. Изгледајте и однесувајте се пристојно

Кога седите со пријателите во кафуле, свртете се малку околу себе и воспоставете контакт со очите и насмевнете се на личноста која ви се допаѓа. Ако некој од вашите пријатели сретне друга личност, запознајте ја и воспоставете контакт со очите.

Не ги прекрстувајте рацете, не се муртете, не гестикулирајте премногу и не се однесувајте нервозно. Личноста која не ве познава сите тие знаци може погрешно да ги протолкува. Ако вие некому пријдете или некој ви пријде, обидете се да делувате опуштено, пристапно и искрено.

najlesen-i-najbrz-nacin-za-da-ja-pronajdete-ljubovta-na-svojot-zivot-1.jpg

5. Бидете отворени за различните можности

Во вашите мисли Вистинската личност има одредени надворешни карактеристики кои обично се многу универзални и општи и важат за една третина од популацијата. Не избегнувајте запознавање нови личности без разлика на тоа што на прв поглед не се вклопуваат во вашата замисла или не ги исполнуваат сите ваши критериуми. Не заборавајте дека поважна е енергијата и хемијата меѓу вас отколку убавината.


6. Бидете подготвени на промена

Можеби имате свој стил, рутини, навики, но кога во животот ви се појавува нова личност мора да бидете подготвени да направите одредени промени во животот, ако сакате таа личност да се вклопи во вашиот живот. Оние кои се долго сами сè помалку се подготвени на такви компромиси, Исто така ако некој сакате да запознаете бидете подготвени  да излезете на места на кои вообичаено не излегувате.


7. Излезете од познатото окружувње

Супер е што сè уште се дружите со вашите пријатели од детство иако тие се веќе фамилијарни луѓе, но мора да почнете да се движите на места и настани каде ќе запознавате нови луѓе кои дошле со иста цел. Само на тој начин може да пронајдете заеднички интерес и да добиете резултат кои ќе ве задоволи и вас и вашиот нов партнер.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава