6 прашања кои не треба да му ги поставите на новиот дечко

Разговорите се еден од најсилните темели на среќната и здрава врска, но зборовите може да бидат нож со две острици.

6-prasanja-koi-ne-treba-da-mu-gi-postavite-na-noviot-decko-01.jpg

Иако понекогаш ќе сакате да го дознаете одговорот, овие 6 прашања никогаш не ги поставувајте директно. Во истиот момент ќе се покаете и ќе звучите глупаво.

1. Ме сакаш ли?

Иако сакате да го слушнете потврдниот одговор, ова е подобро да го премолчите. Доволно е да знаете дали вие го сакате, а кога тој ќе открие - ќе ви каже самиот.


2. Те правам ли среќен?

Таквите работи се гледаат по ситниците, како насмевката „под брк“ или искрата во очите додека ве гледа. Неговата среќа не би требало да се опише со една реченица.


3. Го заслужувам ли ова?

Врската е целосно вложување. И да, ја заслужувате целата среќа на овој свет, нема потреба да прашувате.


4. Мислиш дека имаме добра иднина?

Штом влегол во врска, веројатно се надева дека ќе ја изградите заедно. Секое патување или планирање на утрешниот ден е ситница која ќе ви го открие потврдниот одговор.


5. Дали ти е важно моето минато?

Сите имаме по некој костур во гардероберот, но тие не би смееле да ја одредуваат нашата среќа и иднина. Што значи, неважно е да ли тој е помирен со вашето минато, се додека вие сте.


6. Мислиш дека јас сум онаа вистинската?

Премногу рано, премногу брзо. Тоа е една од оние работи кои не можете да ги одговорите ни по долги години врска.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава