После нив се ќе ви биде јасно: 7 факти за нимфоманијата

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека нимфоманките не уживаат во сексот и дека нивната потреба за секс потекнува од состојбата на „лудило“, но овие сфаќања се сосема погрешни.

posle-niv-se-kje-vi-bide-jasno-7-fakti-za-nimfomanijata-01.jpg

Како болест, односно нарушување на психичката состојба за првпат се споменува во 1980-тата година во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални заболувања, но 14 години подоцна тој е избришан.

Постојат многу митови околу нимфоманијата, но и вистини.

Ова се дел од тие митови и вистини:


1. Нимфоманијата се појавува само кај жените

Тоа е точно. Нимфоманијата се појавува само кај жените, а не и кај мажите. За посилниот пол се врзува поимот „Сатир“. Сепак, овој поим многу поретко се употребува, бидејќи општо прифатено е да мажите почесто уживаат во секс.

Исто така, многу поголем број на жени во текот на историјата се лечеле од нимфоманија и сексуална зависност отколку мажи. Третманите вклучувале бањање во мраз, седативи на база на бром, па дури и операции на клиторисот.


2. Историски грешки

Во книгата „Историја на нимфоманијата“ се наведува дека во Викторијанското време нимфоманијата подразбирала „консумирање на вкусна храна (како големи количини на чоколадо), размислување на валкани работи, читање на еротски романи и потајно мастурбирање“.

Еден научник во тоа време сметал дека и честите гинеколошки прегледи влегуваат во групата на симптоми на нимфоманија.


3. Не е се во главата

Научниците порано верувале дека нимфоманијата се врзува за зголемениот мал мозок, односно што е поголем задниот дел од главата толку повеќе жената сака секс. Денес овие верувања се негирани.

posle-niv-se-kje-vi-bide-jasno-7-fakti-za-nimfomanijata-1.jpg

4. Нимфоманијата не е дијагноза

Порано нимфоманијата била класифицирана како дијагностичка болест, но денес за жените кои имаат претеран сексуален нагон и имаат промискуитетно однесување се вели дека се зависни од секс и се употребува поимот „Хиперсексуалност“.

Се проценува дека околу 8% од мажите и 3% од жените се сексуални зависници.


5. Лудило? Не

Во 19-иот век се верувало дека жените со голема и постојана желба за секс може благодарение на намалената самоконтрола да се доведат себеси до лудило, но тоа не е точно.


6. Нимфоманките не се добри за врска

Ова е точно. Жената која бара секс повеќе од 10 пати дневно поверојатно е дека ќе се одлучи и да изневерува само за да ја задоволи својата потреба.

posle-niv-se-kje-vi-bide-jasno-7-fakti-za-nimfomanijata-2.jpg

7. Знак за аларм е „оргазам на ден“

Научниците велат дека потребата за еден оргазам на ден може да се смета како прв аларм за појава на нимфоманија без разлика на тоа дали е со партнер или по пат на мастурбација.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg