Митови за женскиот оргазам

mitovi-za-zenskiot-orgazam-povekjeЗа женскиот оргазам се зборува навистина често. И додека некогаш се расправало дали женскиот оргазам воопшто постои, денешните парови се...

 

...обидуваат да го подобрат женското искуство кога е оргазмот во прашање.

Некои мажи навистина се трудат и премногу, но можеби едноставно не се упатени или пак живеат во заблуда. Па за сите нив еве ги петте најчести митови за женскиот оргазам.

1. Сите жени сакаат „G-точка оргазам“

Наједноставно кажано, ова е тотална бесмислица. Навистина некои жени посакуваат таков оргазам, но за некои жени стимулацијата на G-точката, дури и кога е стимулирана на вистинскиот начин, резултира со непријатно чувство. Ова дури може да предизвика и болка. Така што, запомнете дека некои жени сакаат стимулација на G-точката, но за некои тоа е навистина непријатно.

mitovi-za-zenskiot-orgazam

2. На жената за оргазам и треба вешт партнер

Многу мажи се горди на себе ако ја доведат жената до оргазам. Добро, нивната вештина навистина се цени, но вистинската одговорнот за женскиот оргазам и припаѓа на жената.

Навистина некои жени имаат проблем со постигнувањето на вагинален оргазам, но затоа тука е клиторисот. Тоа значи дека жената може да доживее неверојатен оргазам, па дури и ако нејзиниот партнер е „девица“ или нема многу сексуално искуство.

Машкото знење и искуство се секако добредојдени, но ако жената не може да постигне оргазам, тоа е комплетно нејзина одговорност. Доколку жената има проблем со анксиозноста, тогаш ни најискусниот маж на светот не може да и овозможи оргазам.

3. На жените им е потребен оргазам за да уживаат во сексот

Во сексот може да се ужива и без да се постигне оргазам. Ако сексуалниот однос е исполнет со нежност, искуството може да биде навистина задоволувачко и без оргазам.

Некои жени ја сакаат предиграта и таа им е многу поважна од оргазмот и самиот секс. Тоа е така затоа што жените едноставно уживаат во галењето, мазењето и бакнувањето и понекогаш тоа е сé што им е потребно.

Ако пак сето тоа се комбинира за време на сексот, жената ќе биде максимално задоволна и без да доживее оргазам.

4. Вагиналниот оргазам е подобар од клиторалниот

Овој мит е како споредба на крушка и јаболка. Имено, поентата е дека двата видови оргазам се совршени, прекрасни и подеднакво задоволувачки.

Единствена причина заради која вагиналниот оргазам се смета за подобар од клиторалниот е таа што тој поретко се доживува.

Статистички гледано, 30% од жените никогаш нема да доживеат вагинален оргазам, а само 30% од нив редовно го доживуваат. Затоа не го потценувајте клиторалниот оргазам, ниту пак инсистирајте на вагинален.

5. Жените не можат да ејакулираат

Комплетна невистина. Жените можат да ејакулираат. Иако некои експерти женскиот ејакулат го нарекуваат мокрача, други наведуваат дека станува збор за течности кои немаат апсолутно никаква врска со мокрачата и дека ејакулацијата кај жените се јавува како последица од стимулацијата на G-точката.

Ако некоја жена немала вакво искуство тоа може да значи и дека никогаш нема да го доживее, но тоа не значи дека нејзиниот оргазам не е целосен или дека таа не ужива во сексот.

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Лак и стрела“ – секс поза за девојки што не чекаат партнерот да ги доведе до оргазам (18+) Оваа секс поза е наменета за смели девојки кои не се плашат да ја преземат контр...
Секс поза „лазања“ – Не е толку комплицирана колку што звучи, а нуди незаборавно задоволство (18+) Ако сакате да го зачините интимниот живот, тогаш на менито можеби треба да ја вм...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg