Еротски соновник

erotski-sonovnik-povekjeЕротските сонови најчесто имаат длабоко психолошко значење, а експертите се согласуваат дека ваквите соништа се здрави бидејќи во нив симболично...

 

...ги доживуваме скриените желби и проблеми и на тој начин со нив се соочуваме.

erotski-sonovnik

Нашиот ум во текот на сонот истражува нешто што ни е премногу апстрактно, вознемирувачко и неприфатливо во реалноста.

Многу експерти се сложуваат дека во нашите соништа всушност станува збор за нас самите, а секое место, секоја личност или предмет кој се појавува на сон всушност претставува некоја наша особина, желба, страв или идеја.

Толкувањето на соништата е навистина многу субјективна дисциплина и со неа треба да се занимаваат само оние кои го проучуваат за тоа.

Постојат некои мотиви кои често се појавуваат во еротските соништа, а сите експерти се сложуваат околу нивното значење. Па еве дел од нив:

1. Непознат партнер/партнерка без лице

Се наоѓате во некоја сексуална ситуација со анонимен, но многу сексипилен, интуитивен и сензуален парнер/ка, кого никогаш не сте го виделе, па дури не можете ни да го распознаете неговото лице.

Можно значење: Сакате секс без компликации, во чиста нагонска форма, без одговорност и емоции. Друго објаснување  на ваквиот сон понуди големиот Карл Јунг, според кого сонувањето на иделаен партнер без лице значи дека сакате да се подобрите себе и кај себе да ги рзвиете квалитетите кој ги забележувате кај тој партнер.

2. Секс со поранешниот партнер/ка

Се наоѓате во кревет со поранешниот партнер/ка.

Можно значење: Ова најчесто воопшто не значи дека поранешниот партнер/ка ви недостига, туку токму спротивното, се обидувате да го „исфрлите од својот систем“. Овој сон е всушност ментална подготовка за нова врска.

3. Партнер кој исчезнува

Непосредно пред или во текот на самиот сексуален чин вашиот партнер/ка исчезнува.

Можно значење: Секако прво нешто што ни паѓа на ум е стравот од напуштање или фрустрација од партнерот/ката на кого не можеме да се потпреме. Но, овој сон може да значи и дека имате недостаток на самодоверба во било која животна ситуација.

4. Секс со колега/колешка

Се наоѓате во експлицитна сексуална ситуација со некој со кого работите.

Можно значење: Овој сон најчесто е сексуална метафора за задоволството кое го чувствувате затоа што работите заедно со таа личност. Иако можеби не сте свесни вие најверојатно се чувствувате многу сигурно и пријатно во друштвото на токму тој колега/шка.

5. Секс на јавно место

Имате секс на јавно место.

Можно објаснување: Овој сон може да укажува на страв од сексуална интимност или пак дека се обидувате да бидете нешто што не сте. Исто така овој сон може да се јави и како реакција на грижата на совест што ја чувствувате заради нешто што сте сториле.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg