Какво значење има првиот бакнеж на младоженците?

Денес речиси и да не може да се замисли венчавање без она добро познатото „Сега можете да ја бакнете невестата“, без разлика дали е кажано од свештеникот или матичарот, но дали некогаш сте се запрашале како настанал обичајот? Па и зошто токму во уста се бакнуваат младоженците?

shto-se-krie-zad-prviot-baknez-na-mladozencite-01.jpg

Првиот бакнеж претставува круна на самото венчавање и знак дека може да се започне со веселбата, бидејќи бракот веќе е официјален.

Во христијанството првиот бакнеж не претставува симбол на љубовта, посебно ако се земе предвид дека порано браковите се склопувале поради интересите на семејствата.

Бакнежот е знак дека бракот е официјализиран и дека душите на младоженците засекогаш се споени. Меѓу другото, бакнежот во уста симболизира и спој меѓу чистото, духовното и телесното.

Во светот постои верување дека злите сили го демнат првиот бакнеж со намера да го уништат бракот на младоженците и можат да бидат избркани само со првото чукање на чашите кога младоженците наздравуваат на самата церемонија.

Уште во стар Рим постоела традиција на завршување и официјализирање на „договорот“ меѓу младите, но и за бркање на злото. Постојат записи дека овој обичај датира и од древните цивилизации.

Доказ за тоа колку е поважен првиот бакнеж од првата брачна ноќ е и приказната која настанала во Италија.

По еден стар закон ако некој од младоженците умре пред првиот бакнеж, бракот бил неважечки и родителите на живиот морале да ги вратат сите подароци.

За разлика од традиционалното значење, денес бакнежот не претставува некаков официјален симбол.

Него го практикуваат сите без разлика дали се религиозни или не, бидејќи тој претставува еден радосен начин на прославување на новата страна во животот која ја свртеле младоженците заедно.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава