20 правила врз кои се градат цврстите љубовни врски

Секој човек и секој пар си има свои љубовни правила, но постојат 20 стандардни и неопходни за љубовната врска да остане стабилна.

20-pravila-vrz-koi-se-gradat-cvrstite-ljubovni-vrski-01.jpg

И не, не зборуваме за големи работи, туку за секојдневни ситници кои значат љубов.

Ова се основните 20:

1. Никогаш не заборавајте да прашате како му/и поминал денот. Тоа докажува дека се грижите.

2. Кавгите понекогаш се само кавги. Не мора да има последици. Не ги правете со сила.

3. Врската доаѓа со обврски. Понекогаш нема да уживате во работите во кои ужива тој/таа, но вреди да стиснете заби.

4. Бидете отворени за работите кои ве прават тажни или среќни.

5. Малите изненадувања значат многу, посебно во подолгите врски.

6. Не ги форсирајте дружењата кои не му се пријатни на партнерот.

7. Бакнежот за здраво и чао е задолжителен.

8. Понекогаш откажете некои веќе договорени обврски и останете дома, сами.

9. Почитувајте го неговото/нејзиното семејство како да е ваше.

10. Кажете „те сакам“ секогаш кога ќе ви дојде. Никогаш не можете да претерате.

20-pravila-vrz-koi-se-gradat-cvrstite-ljubovni-vrski-02.jpg

11. Бакнувајте се кога ќе посакате. Колку долго сакате.

12. Не правете навредливи шеги на сметка на другиот. Посебно не пред луѓе.

13. Понекогаш преземете ги неговите/нејзините домашни задачи ако гледате дека имал/a напорен ден.

14. Пристигнувајте на време. Бројни кавги се случуваат токму поради ова.

15. Застанете во одбрана кога другите зборуваат лошо за него/неа.

16. Секогаш договарајте се околу сè.

17. Одговарајте на сите повици и пораки, колку доцна и да сте виделе.

18. Не се расправајте додека сте на одмор.

19. Бидете спонтани. Ако глумите, брзо ќе се забележи.

20. Сакајте се безрезервно. Едноставно е.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава