Пепелашка за еден викенд


Претпоставувам дека сите ја знаете бајката за Пепелашка каде принцот се појавува во ѕвездената ноќ, па ја губи саканата во истата ноќ за подоцна  да ја најде и да живеат среќно засекогаш.

pepelaska-za-eden-vikend-01.jpg

Понекогаш кога танцувам на подиумот со другарките и сите безвезно се кршиме за да предизвикаме нечиј поглед, токму тогаш ме зафаќа очајничка криза за момче. Посакувам некој да е покрај мене, да ме прегрнува... Не дека ги нема такви... Но, тоа е само минлива страст до полноќ спротивно од приказната за Пепелашка. А мојот живот е далеку од бајка...

Понекогаш се е толку бледо и мрачно, за миг подоцна да стане светло и блескаво, па пак мрачно. Смачено ми е од контрастите кои ми ја прогонуваат душата. Јас сакам да станам само една обична алинеја од приказната наречена љубов... И само толку... И некој покрај мене.

Кога посакав бајка ми се случи обратната верзија на Пепелашка. Го пронајдов принцот и по заедно поминатиот викенд во најубавиот град на Балканот, следуваше разделба, јас заминував во мојот град, тој во неговиот.

Ќе се запрашате зошто го нарекувам принц, кога сето тоа траеше толку кратко?

Знаете тој беше единствениот од сите што сум ги запознала кој има толку заразна насмевка, кој со еден поглед ми кажуваше цела една историја, со неверојатно чувство за романтика, кој ме почитуваше, го ценеше секој мој труд, ги прифаќаше сите мои амбиции, беше тука крај мене, не беше љубоморен, знаеше што сака од животот, беше искрен... И сега стана само спомен.

Се сеќавам на зборовите на една моја драга пријателка која секогаш ми вели да живеам денес и да не мислам на вчера или утре затоа што се што е слатко трае премногу кратко... Само еден миг!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава