Колку долго можете без секс?

На некои луѓе им е доволно малку нежност, додека други имаат потреба од комплетен перформанс за да се чувствуваат задовол(е)ни. Ајде бидете искрени...

 

...колку долго можете да издржите без водење љубов пред апстиненцијата да почне да се одразува на вашето расположение, па дури и на вашето здравје?

И колку добро ја познавате кртичната точка кога не можете повеќе да издржите? Веројатно луѓето никогаш не се запрашале нешто слично иако постои одредена разлика помеѓу сексуално однесување и сексуалните потреби кои луѓето ги доведуваат до лудило.

kolku-dolgo-mozete-bez-seks1

Според тоа, прашањето за тоа дали ви е доволно малку нежност и да си ги смирите нагоните или ви е потребно многу повеќе за да се чувствувате задоволни? Кои се вашите приоритети?

Сексот е најнормална физичка потреба основана на две координати: репродукција и настојување да се социјализираме со луѓето кои нас не опкружуваат.

Успехот при преживување зависи од човечките способности да се прилагодат на околината, а тоа вклучува oстварување врски и односи кои некогаш се пријатни, некогаш напорни. Една од тие врски е и сексуалната.

Тогаш како вашето тело ви дава до знаење дека повеќе не може без секс?

Најдобар начин да ги препознаете негативните пореметувања кои настануваат кога апстинирате, е коа после самиот чин - вие се чувствувате прекрасно и сите негативности исчезнуваат.

Не заборавајте дека сексот не мора секогаш да вклучува двајца - земете ја во предвид и мастурбацијата.

Еве неколку показатели кои укажуваат на тоа дека на вашето тело му е потребно секс:

  • претерана нервоза
  • долгорочно чувство на необјаснливи потешкотии и напнатост, мигрена
  • постојан стреснамален апетит
  • помала потреба за сонконтрадикторно чувство кон некои лица
  • зачестени сексуални фантазии, особено за време на ноќта

Намалената сексуална активност може да предизвика бројни реакции, но сите тие се помалку или повеќе објаснливи. За жал, во некои случаеви може да дојде и до потешки психички и телесни реакции: чешање на кожата, иритираност, лутина, агресивност итн.

Можете многу лесно да ги повредите луѓето околу вас бидејќи вие се чувствувате нестабилно и несреќно, само затоа што не сте знаеле да ги прочитате знаците кои ви ги испраќа вашето тело и ум.

Еднаш кога во целост ќе научите да ги регистрирате знаците и пораката која телото ви ја испраќа - "ми треба секс", ќе ви биде многу полесно да ги спречите негативните последици.

Вистина е дека симптомите варираат од човек до човек, зависно од периодот на немање секс, полот, животниот стил, бременост, менопауза и сл.

Едноставно, посветете си време и анализирајте се самите себе и своето тело, своите потреби и желби. Само така ќе знаете како и кога да се смирите и да се вратите во нормала.

Би можело да ве интересира:

Србинки откриваат: „Зошто на жените над 30 години им е тешко да пронајдат партнер?“ „Затоа што мажите имаат лесно достапен секс без обврски и не сакаат некој да им ...
5 секс пози што ја стимулираат Г-точката и ветуваат незаборавен оргазам за партнерката Кои 5 секс пози ја стимулираат Г-точката кај партнерката? Сте пробале ли некои о...
4-минутна предигра која може да ја зголеми возбудата во спалната соба (18+) Предиграта е важен дел од сексуалната интимност која вклучува физичка и емоциона...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg