Елизабет Тејлор: 9 работи кои треба да ги знаеме за љубовта

Прекрасната Елизабет Тејлор покрај култните филмови кои ги оставила зад себе, таа оставила и неколку лекции за љубовта по кои секоја жена треба да се води.

elizabet-tejlor-9-raboti-koi-treba-da-gi-znaeme-za-ljubovta-01.png

Вистина е дека таа била во брак 8 пати, но едно може да се каже: таа знаела како да живее и како да сака.

Благодарение на својот незапирлив дух таа имала богата љубовна историја, а ова се лекциите за љубовта кои може да се научат од неа:


1. Играј по свои правила и занемари го општеството

„Не ми е цел да бидам обична домаќинка, ниту пак некогаш ќе можам да бидам“ – нагласила Тејлор во една прилика, а и била во право, бидејќи таа била се освен обична жена.

Додека нејзините врснички се обидувале да изградат семеен живот, таа се борела за остварување на своите амбиции.


2. Венчај се за оној кој мисли дека си дар од Бога

Нејзиниот петти сопруг, Ричард Бартон, за неа има пишано: „Таа е грижлива и духовита, не е нечија играчка, брилијантна актерка е и поубава одошто може да се замисли. Може да биде арогантна и тврдокорна, но и нежна и добра. Таа ги толерира сите мои пијанства и утробата ме боли кога сме еден покрај друг. Таа ме сака...“.


3. Никогаш немој да ги крадеш мажите на пријателките, а ако тоа го правиш гледај да ги смириш односите

Секој би помислил дека односот меѓу Елизабет и Деби Рејнолдс би бил во најмала рака чуден, посебно затоа што Еди Фишер ја оставил втората за првата, но тие и до смртта останале блиски.


4. Дијамантите не се одбиваат

Тејлор по една расправија со Бартон добила од него дијамант во знак на помирување. Непристојно би било да го одбие, зарем не?


5. Ако не те сака, продолжи понатаму

„Кога доаѓаат во одредени години, изгледа некои мажи се плашат од растење па одбираат помлади жени“ – еднаш изјавила Тејлор.
Лекција која би можеле да ја научиме од неа е дека ако некој маж не сака и прифаќа онакви какви што сме, тогаш подобро е и да не бидеме со него.


6. Расправиите се очекувани

Недоразбирањата се неизбежен дел од една врска. Тејлор и Бартон биле научени да се расправаат и често кога резервирале соба во некој хотел, тие ја резервирале и собата под нив за никој да не ги слуша нивните расправии.


7. Барај го вистинскиот

„Посветена сум на бракот, затоа и се земав осум пати“ – рекла таа во една ситуација.


8. Не ја потценувај страста

„Со мојот живот управуваат страстите“ – рекла Тејлор.


9. Не плачи за пропаднатата врска

„Стави си пијалак, кармин и собери се“ – тоа е познатиот совет кој го дала Тејлор на сите девојки.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg