Јас и ти бевме посебни. Денес сум посебно очајна.

Јас и ти имавме убава приказна. Таа можеше да трае, да прерасне во роман, но ти одбра да ја прекинеш.

jas-i-ti-bevme-posebni-denes-sum-posebno-ocajna-01.jpg

Јас и ти сонувавме за заеднички дом. Јас и ти посакувавме дом. Сега сме бездомници во сопствената кожа.

Јас и ти се сакавме. Од деца. Незрелата љубов мислев дека станала зрела. Згрешив.

Јас и ти мислевме дека можеме да го освоиме секој врв. Се додека сме еден покрај друг, со удобни патики. Сега сум на дното.

Јас и ти спиевме заедно, додека ми дишеше во вратот. Тоа беше убаво. Сега имам кошмари и не можам да заспијам.

Јас и ти љубевме страсно, безвременски, моќно. Знам дека никогаш повеќе нема да можам да љубам некого така.

Јас и ти читавме за други несреќни љубовни приказни. Сега ја пишуваме приказната за нашата несреќна љубов.

Јас и ти мечтаевме за егзотични патувања. Сега ми е страв да патувам без тебе.

Јас и ти можевме планини да преместиме. Во мојата соба ништо немам преместено и има купишта хартија и прашина.

Јас и ти бевме посебни. Денес сум посебно очајна.

Јас и ти бевме неподносливи за паровите кои постојано се караа. Сега не можам да ги поднесам паровите кои се среќни.

Јас и ти можевме да бидеме среќни, но не ни успеа.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава