Која е тајната за добар брак на Бред Пит и Анџелина Џоли?

Еден од најпознатите холивудски парови имаат и најскладен брак, што во светот на славните е вистинска реткост. Токму затоа, сите може да ги искористат како пример Бред Пит и Анџелина Џоли.

koja-e-tajnata-za-dobar-brak-na-andzelina-dzoli-i-bred-pit-01.jpg

Еве што можете да научите од нив:


1. Не мора да бидете совршени

Ниту Џоли е совршена сопруга, ниту Пит е совршен сопруг, тоа и јавно го имаат споделено.

„Постојат моменти кога помислува дека можат да бидам подобра сопруга. Можам подобро да готвам... Но, Бред ги знае моите ограничувања“ – изјавила Анџелина.


2. Покажете благодарност

Тие постојано работат на тоа нивната врска да остане жива и откриле начин кој добро функционира за нив, па се прилично благодарни еден на друг.

Тие често си даваат комплименти еден на друг и покажуваат нежност во јавноста.


3. Вие сте тим

Кога Анџелина се одлучила за мастектомија, Бред постојано бил покрај неа и ја поддржувал. „Тоа е правилно. Ние сме тим“ – изјавил Бред.


4. Компромисот е важен

Тие имаат договор дека ако едниот од родителите има снимање на филм, другиот останува со децата. Овој компромис е добро решение за познатиот пар.


5. Добрата врска се развива

Целиот живот го поминуваме во запознавање на себеси и своето опкружување, а кога ќе ја најдете личноста која ја има вашата љубопитност, тогаш сте во полн погодок.

„Бред ги прошири моите видици повеќе одошто сум замислувала некогаш во животот. Тој не е само мојот живот, туку и мое семејство“ – изјавила Анџелина.


6. Семејството е на прво место

Кога доаѓаат децата време е да се промени списокот на приоритети во животот и во тоа треба заедно да учествувате како пар.

„Благодарна сум што имам прекрасно и грижливо семејство. Да не беше Бред покрај мене, јас немаше да успеам“ – признала Анџелина.


7. Откријте што сакате од партнерот

Славната актерка открила дека и било потребно многу време за да ја пронајде вистинска личност која треба да биде покрај неа, односно идеалниот партнер, но и дека чекањето вредело.

„Во 20-те сите го бараат совршениот маж, во 40-те знаете што сакате – вистинскиот човек“ – рекла Анџелина.


8. Зачувајте ја страста

Тоа што имате деца не значи дека треба да заборавите на интимноста. Анџелина тврди дека сè уште е посветена на својот сопруг и се грижи за нивниот интимен однос.


9. Пронајдете го доброто во лошите работи

Анџелина го задржала позитивниот став по мастектомијата, а Бред изјавил дека тие месеци биле „емотивни и преубави месеци“ за нив.

„Прекрасно е да поминете низ сè и да сфатите дека повеќе не мора да се грижите за целиот спектар на можности кои ви стојат на глава. Сега знаеме дека оваа операција нема да влијае на нас и нема да не промени“ – изјавил Бред за едно интервју.


10. Бидете си најголема поддршка

Парот работел заедно на бројни филмови и во многу хуманитарни акции и се поддржувале меѓусебно во самостојните проекти.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава