Знаете ли од што ви зависи добриот секс?

Дали сте расположени за секс најмногу зависи од тоа во кој дел од денот се случува, тврдат сексолозите. Но, сексуалните саати не отчукуваат исто за двата пола.

Znaete-li-od-shto-vi-zavisi-dobriot-seks-01.jpg

Од 22 часот до полноќ мажот е потполно опуштен, но не и поспан. Тогаш е способен долго и нежно да води љубов. Од полноќ до 6 часот наутро, мажите речиси и не можете да ги разбудите.

Но, многу жени знаат да уживаат додека водат љубов и во полу сон.


Таа е наутро поспана, а тој веќе е расположен

Во раните утрински часови помеѓу 6 и 8 часот нејзиното тело сè уште е поспано. Нивото на хормонот за спиење е прилично високо додека пак, температурата на телото е пониска во однос на текот на денот.

За разлика од жените, машкото либидо е во полна пареа и за него сексот е најдобар можен начин за почеток на денот, но набрзина!

По 8 часот жената е потполно будна и подготвена за секс, но тогаш тој е насочен кон неговата работа.


Кога е најдобро време за правење бебе?

Енергијата кај жените го достигнува својот максимум на пладне, но тоа нема врска со сексот.

Мажот тогаш е расположен за малку забава и без проблем би се препуштил во предигра.

Најдобро е да го почека периодот помеѓу 14 и 16 часот, бидејќи тогаш женскиот репродуктивен систем е потполно спремен за зачнување.

Семето кое се произведува во тестисите има најдобар квалитет во 16 часот.

Затоа оваа доба од денот е како створена за правење деца.


Попладне за брз секс

Помеѓу 16 и 18 часот жените претежно не се способни за активен секс, а мажите за долги предигри, но затоа двајцата немаат ништо против за еден брз секс.

По 18 часот на мажите во главата им се врти само вечера и одмор, а не секс. Жената исто така е расположена за одмор, но и за доверлив љубовен разговор.


Нивните часовници навечер отчукуваат како еден

По вечерата жената е повторно полна со енергија и расположена да ја преземе иницијативата, но и да се впушти во нови љубовни игри.

Тој е исто така подготвен, да ги исполни сите желби на својата партнерка.

Нивните сексуални часовници тогаш отчукуваат во совршен склад и уживањето е максимално и кај двајцата.

По 22 часот нивото на хормони за спиење нагло се зголемува кај жените и нејзиното либидо се намалува но, затоа е повеќе исполнета со романтични чувства.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава