За што фантазираат девојките?

Додека на интернет постојано налетуваме на она што сакаат мажите и кои се нивните секс – фантазии, за жените некако се молчи.

za-sto-fantaziraat-devojkite-01.jpg

На мажите дури и зборот „секс“ им е доволен за да почнат да фантазираат. Жените се малку поинакви. Имаат фантазии и тоа „пострашни“ и попровокативни од мажите, ама молчат, најверојатно од стравот да не бидат погрешно разбрани.

Жените сонуваат за секс со нивниот најзгоден Фејсбук пријател. Сето тоа би сакале да започне спонтано, впрочем како што започнува и сè на социјалната мрежа: poke, like, chat па во кревет. Кога би размислиле подобро, зошто не и на плажа.

Нема жена која не сонува да води љубов на морскиот брег, само двајца, а брановите ги покриваат нивните голи тела.

Жените фантазираат за нивниот омилен професор од факултет, банкарските службеници кај кои што ги плаќаат сметките, презентерите на вести...

Честа е и фантазијата каде што девојката е во рацете на некој преубав млад доктор. Оваа фантазија потекнува од тоа што белиот мантил е симбол за сигурност, внимание и грижа. Тоа е она што на жените најмногу им треба.

Сум слушнала и за една многу добра фантазија. Таа и тој во приватен авион, на повеќе од 7000 метри надморска висина. Што би рекле, љубов во облаците.

Дефинитивно, мажите сакаат провокативни жени кои што имаат смисла за страст, имаат идеја што сакаат и што им треба. Ако мажите можат да се фалат, ние би можеле да остваруваме.

Искористете го следниот одмор за страст под отворено небо, флертувајте со згодните банкари, откријте кој е најзгодниот доктор во вашиот град.

Некогаш од чист флерт или фантазија која ви изгледа глупава може да се роди нешто повеќе.

Откријте го вистинскиот и продолжете да сонувате, но не за него туку со него додека тој ви го милува грбот.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава