А на некој друг ваква - никаква, убава ќе му бидам

Што е љубов? Што ме гледаш со тој празен поглед? Да си најдам некој, ќе сум била посреќна викаш.

a-na-nekoj-drug-vakva-nikakva-ubava-ke-mu-bidam-01.jpg

Ќе помине време, ќе поминеш и ти. Ќе гледаш ли од далеку како ми ги исполнуваат срцево и душава со љубов? Ќе гледаш ли како некој го љуби кај мене она што ти го мразеше? Ќе има ли трошка каење во тебе, ќе ти биде ли криво?

Не сум била за тебе, болка сум нанесувала... така ти беше кажано. А дали некогаш помисли дека човекот е такво битие, ненаситно, и да ја има сета среќа на светот пак ќе ја зграби твојата.

Помисли ли љубов? Баш сите кои ти ја грабнаа среќата, сега се лигават за да се поблиску до неа. Но не љубов моја, не е оваа мала толку наивна. Таа со ангелско лице ги гледа сите ѓаволи околу неа.

А ти? Кога знаеш дека ме остави со тон љубов во срцето што ќе сториш? Ќе го исполниш своето его, машката гордост? Или вечно ќе ме гледаш со тој празен поглед и саркастично ќе се насмевнуваш секогаш кога ќе ме споменат?

Јас вечерва наздравувам, наздравувам за сите пропаднати љубови во кои припаѓа и нашата. А ти наздрави за твоето его!

Автор: Ана Мартиновска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава