Не дозволувај минатото да ја убие страста

Сонував за него. Сонував дека еден ден ќе биде мој. Сонував дека тој ќе биде човекот покрај кој ќе се будам наутро. Дека ќе биде сопругот за кој секоја жена мечтаела, дека ќе биде совршениот татко на мојата ќерка.

ne-dozvoluvaj-minatoto-da-ja-ubie-strasta-01.jpg

Тој се појави кога јас минував низ најголемата бура во животот. Немав ниту чадор, ниту гумени чизми.

Се обиде со нежност да го смири очајот во мене. Со љубов ме тераше да ја победам омразата и гневот. Тогаш, јас не препознав сродна душа во него. Тој си замина, јас останав сама, ладнокрвна и гневна.

По неколку години, се појави уште еден човек сличен нему. Не сакав да му дадам шанса. Не сакав моите проблеми да ја уништат нашата врска. И тој си замина.

Јас повторно сум сама. Ништо не научив од грешките.

Ти, девојко, која го читаш ова, научи нешто од мојата непромисленост.

Без разлика колку ти е мрачна годината, без разлика на проблемите кои тежат колку планина на твоите рамена, дај му шанса на оној кој се обидува со нежност да ти се пикне под кожа.

Не знаеш никогаш, можеби тој е оној вистинскиот, оној кој си го чекала сиот свој живот.

Не дозволувај минатото да ја убие страста.

Не дозволувај штотуку започнатата љубов да згасне од нервоза и притисоци.

Дај му време на некој прекрасен човек да ти покаже дека не е се така сиво, дозволи му да те гушка и бакнува.

Заборави на минатото, на проблемите, на гневот, на бесот и впушти се во авантура.

Авантура која ќе те потсети дека сè уште имаш добра душа која знае да простува и срце кое силно љуби.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава