Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 тестови кои или ќе ја уништат или ќе ја направат посилна секоја врска

Се вели дека љубовта е доволно силна само ако успее да ги победи и надмине сите животни тешкотии, несреќи и непријатни ситуации. Меѓутоа, некои од нив носат големи промени кои можат да ја зацврстат врската или да бидат причина за прекин.

6-testovi-koi-ili-kje-ja-srushat-ili-kje-ja-napravat-posilna-sekoja-vrska-01.jpg

Ова се 6-те најважни животни промени кои ќе покажат колку е вашата врска силна:


1. Раѓање на дете

Кога добиваме дете, потполно се посветуваме на тоа мало и немоќно суштество, а односот со партнерот е во втор план.

Понекогаш се случува целосно да го занемариме партнерот и тогаш може да дојде до бројни несогласувања.

Запомнете дека и понатаму морате да водите сметка за заедничкиот однос и да разговарате за промените кои се случуваат во врската.


2. Неверство

Оние кои целосно се согласуваат со тоа дека неверството не може во ниту еден случај да се оправда ќе кажат дека нема поправање на врската по таа ситуација.

Но, тоа може да се случи. Секако, потребно е многу труд и работа за да се врати довербата која инаку е нарушена.

Немојте веднаш по неверството да ја прекинувате врската. Дајте си малку време добро да размислите за ситуацијата и да откриете дали партнерот има оправдана причина и дали заслужува втора шанса.


3. Грижа за родителите

Многумина велат дека грижата за болниот родител е како да се грижите за мало дете – беспомошно суштество на кое му треба многу љубов и грижа.

Грижата подразбира многу време и енергија.


4. Болест

Во моментите кога здравствената состојба не ви е на завидно ниво можете вистински да согледате дали партнерот вреди да биде покрај вас.

Тогаш ви се менува секојдневието и потребно е многу трпение и грижа, а некои луѓе покажуваат дека едноставно не се подготвени за тоа.


5. Губење на работата или финансиски проблеми

Во оваа ситуација клучен момент е да нема обвинување, односно да не се обвинувате еден со друг за губењето на работата или проблемите со финансиите. Секако, ако навистина е така.

Поголемиот број на парови наидуваат на вакви препреки во животот, а можат да ги надминат само со заеднички сили.


6. Неплодност

Без разлика на тоа дали е проблемот во двајцата партнери или само еден од партнерите, кога не можете да зачнете може да дојде до сериозни расправии кои се поттикнати од фрустрациите.

Паровите кои имаат вакви проблеми треба да се поддржуваат еден со друг без разлика на исходот од нивата борба со неплодноста.

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg