Направете си совршено љубовно гнездо

Штотуку почнавте да живеете заедно со вашиот партнер? Пеперутки во желудникот, сјај во очите, постојано се смешкате?

napravete-si-sovrseno-ljubovno-gnezdo-01.jpg

Да, тргнавте во најубавата животна авантура. Нема ништо поубаво од тоа да го споделувајте секој миг со вашиот најмил во најинтимното и најтоплото место, вашиот дом.

Направете го вашиот дом најубавото љубовно гнездо. Нека вашето живеалиште мириса на љубов, нека мириса на радост. 

Фотографии

Одберете еден ѕид во домот и во мали рамки ставете ги вашите заеднички фотографии. Првите фотки, тие од летувањето, таа од свадбата на вашите најдобри пријатели, додека танцувате припиени еден до друг. Оставете простор на ѕидот за нови фотографии од децата кои ќе дојдат набрзо.

Доколку сепак сакате да го пополните целиот ѕид, а рамките да не стојат празни, ставете во рамките испринтани цитати од вашата омилена книга, стихови од песната која и двајцата ја обожавате... Ова е одлична идеја, со оглед на тоа дека со дигиталната фотографија речиси и да не развиваме фотки. Затоа, создадете ѕид, преполн љубов.

napravete-si-sovrseno-ljubovno-gnezdo-03.jpg

Свеќи

Без разлика на тоа дали се доживувате себеси како романтична личност или не, создадете топлина во вашиот дом. Поставете свеќи во спалната соба, околу телевизорот, во кујната. Одберете свеќи во специфични форми, со ароми кои ги обожавате.

Бројни истражувања докажале дека вашата омилена арома може да ве направи да се почувствувате посреќни. Има ли нешто поубаво од тоа да сте во прегратките на вашиот сакан, на светлина од свеќи?


Цвеќе

Трпезариската маса постојано нека ви биде украсена со цвеќе. Колоритот ќе го направи вашиот дом најпријатното место на целиот свет. Посадете различни цвеќиња во мали саксии или уште подобро, најкористените зачини, како магдонос, босилек, посадете ги во симпатични саксии во вашата кујна. Има доста зачини кои може да ги одгледувате во вашата кујна, а кои притоа се супер афродизијаци.

napravete-si-sovrseno-ljubovno-gnezdo-07.jpg

Шолји

Многу е важно со кого го пиете првото утринско кафе. Кај вас, тоа веќе е решено, со вашиот партнер. Следна важна работа е во каква шолја го пиете првото утринско кафе. Размислете како би изгледало кафето да го пиете во шолја која е уникатна и ја имате само вие. Направете шолја на која ќе ја има вашата најубава заедничка фотографија, датата на вашата годишнина, фраза која силно ве поврзува.


Постелнина

Одберете висококвалитетна и топла постелнина на која со задоволство ќе го завршувате денот и ќе отпатувате во магичниот свет на соништата.

Нека вашиот дом, исто како и сјајот во вашите очи зборуваат за љубов!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава