Кога погрешната личност е вистинскиот избор

Верувам дека не постои такво нешто како погрешна личност за љубов.

koga-pogreshnata-licnost-e-vistinska-001.jpg

Поминав толку долг период од мојот живот во потрага по сродната душа или нешто близу на неа што го заборавив значењето на поимот погрешната личност.

Затоа што погрешната личност всушност може да биде онаа вистинската.

Кога некој го дефинираме како „погрешна личност“ она што навистина го подразбираме под овој поим е личност која не се совпаѓа со нашата слика за идеалниот партнер, некој со кој сме замислиле дека треба да бидеме до крајот на животот.

Таа личност едноставно не се совпаѓа со животот кој мислиме дека треба да го живееме.

Но, искрено дали тоа воопшто нешто значи?

Реалноста е дека универзумот не се грижи за тоа што ние сакаме во нашиот живот, туку ни го сервира она што треба да го имаме токму во овој момент.

Понекогаш се случува оној што ни треба да биде токму оној кој не го посакуваме.

Еднаш кога ќе се ослободиме од поимот  „погрешна личност“ отвораме нови можности во нашиот живот.

Многу често таа погрешна личност доаѓа во нашите животи за да не научи лекции кои инаку немало да ги научиме.

Понекогаш „погрешната“ личност знае да направи да се чувствуваме многу добро.

Најчесто вистинската личност ни се чини како нешто правилно, бидејќи претставува наша слика и прилика, огледало на нашиот карактер, личност која ни е добро позната.

Но, научив дека врските со вистинската личност не функционираат.

Само затоа што нашето его не насочило кон нешто што ни е веќе познато, не значи дека ќе функционира.

Наместо тоа, понекогаш доаѓа погрешната личност која постојано не нервира и иритира со своето присуство.

Не иритира затоа што го нарушува нашиот план и поминуваме месеци или дури и години во спротивставување на неа, но на крајот сепак постои нешто што постојано не привлекува еден кон друг.

Тоа не значи дека секогаш ја разбираме врската или дека секогаш сме подготвени да ја продлабочиме.

Но, погрешната личност може да дојде во нашиот живот и да ги наруши сите дотогашни наши сфаќања за љубовта и идеалниот партнер.

Погрешната личност не мора да значи дека се грижи за тоа дали се чувствуваме удобно или дали ќе ги каже вистинските работи во право време и на крај, воопшто не се грижи за тоа дали што се појавила во сосема погрешно време.

Погрешната личност не се грижи за ништо друго, освен за фактот дека ја привлекуваме.

Како мушичка кон светлина.

И можеби и двајцата ризикуваме да си ги уништиме животите целосно – едноставно одбираме да останеме со таа личност.

Секој ден ја имаме опцијата повторно да ги изградиме старите ѕидови и да се сокриеме позади нив, но тоа функционира само во нашите глави – не и во реалноста.

Но, едноставно не сакаме тоа да се случи, нели?

Токму во тие моменти кога се одлучуваме да се препуштиме на ситуацијата, почнуваме да ја цениме личноста.

Во тие моменти треба да го направиме изборот.

Ќе се држиме до нашето его или ќе се препуштиме на околностите?

Ако се одлучиме за втората опција, тоа не значи дека погрешната личност одеднаш ќе стане онаа вистинската.

Едноставно време е да се проба погрешниот избор.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава