Вистинската љубов не е нешто што може да ви се случи, таа се гради

Заљубувањето е прекрасна случајност. Се сретнувате со некого, го запознавате и почнува да ви се допаѓа.

Vistinskata-ljubov-ne-e-neshto-shto-mozhe-da-vi-se_-padne-taa-se-gradi-01.jpg

Понатаму ако ви се погодат работите ќе се заљубите еден во друг.

Тоа не е несекојдневна работа. Луѓето ширум светот секојдневно се заљубуваат.

Но, вистинската љубов е реткост.

Тоа е состојба која трае и која се развива. Бара години од вашиот живот за да сфатите дека немате само љубов, туку ВИСТИНСКА ЉУБОВ!

Најраната фаза на заљубувањето е најинтензивна и највозбудлива, но истото така и најкревка.

Заљубувањето влијае на вашата перцепција на работите. Тогаш и светот станува поубаво место за живеење.

Додека љубовта е нова чувствуваме интензивна потреба од оној кој го сакаме. Сакаме да поминуваме што е возможно повеќе време со таа личност, да го запознаеме што е можно подобро и да ја одгатнеме мистеријата која се крие зад очите на личноста.

Но, како што поминува времето и колку повеќе се запознавате така и интересот опаѓа, односно работите стануваат помалку возбудливи.

Тука е и клучната точка – дали љубовта ќе умре или ќе се развива понатаму.

Вистинската љубов се гради на доверба и почит. И на двете им е потребно време.

Претходното искуство си го прави своето. Колку повеќе искуство имате толку помалку доверба ќе имате во иднина.

Луѓето се затвораат кога ќе се повредени од некој што им значел и со секој следен неуспех стануваат сè повеќе резервирани и дистанцирани.

Но, за да се формира вистинската љубов мора да има одреден степен на доверба помеѓу партнерите, без разлика на тоа колку пати сте поминале низ таквите тешки сценарија.

Мора да верувате еден во друг кога работите нема да одат како што треба и кога ви се чини дека целиот свет е против вас. Мора да верувате дека секое утро кога вашиот партнер се буди е среќен затоа што ве има.

За да постигнете доверба и почит потребно е време.

Вистинската љубов не е чувство, туку состојба на она што сте.

Врските се распаѓаат. Луѓето прават грешки, но се менуваат и го оставаат своето его. Прават сè што можат за да бидат добри љубовници, партнери и пријатели!

Вистинската љубов не е емоција, ниту чувство, туку начин на живот.

Тоа е да бидете тука за некој кој го сакате. Дури и повеќе од тоа, тоа е силна врска што дури и еден од вас да замине од овој свет љубовта ќе остане.

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава