За жените кои имаат неверојатни мажи во својот живот

Човекот кој е покрај мене го гледам како неверојатно суштество. Не сум запознала друга душа која гледа на животот како еден голем универзум на можности. Тој сака да биде сè, да види сè и да проба сè.

za-zenite-koi-imaat-neverojatni-mazi-vo-svojot-zivot-01.jpg

И сето ова сака да го направи заедно со мене.

Го почитувам.

Приказните кои има да ги раскаже ги фокусира на нас и работите кои сме ги направиле заедно. Ме става на прво место и секогаш е расположен да ги задоволи моите потреби.

Сака да ме направи среќна и секојдневно го цени она што го имаме.

Тој е секогаш покрај мене и одлучен е да делиме заеднички живот. Кога доаѓаат тешки времиња, знам дека нема да ме остави.

Затоа му велам, Ти благодарам.

Ти благодарам за зготвениот оброк по напорниот работен ден.

Ти благодарам што се грижиш за домот.

Ти благодарам за одлуките што ги донесуваш кои го прават нашиот живот подобар.

Го поддржувам.

Го охрабрувам да се посветува на своите хобија.

Тој е креативна душа, а неговите раце се извор на неговата креативност.

Сакам да посветува внимание на ослободување на сопствените креативни таленти. Сфаќам дека овие креации не се дел од неговата работа, туку екстензија на неговата душа, неговата есенција.

Нему потребно му е да создава онолку колку што му е потребно да дише.

Го прегрнувам.

Мојот сопруг сака нежности.

Не чекам да побара гушкање, затоа што знам дека токму во тие моменти нашите души сè повеќе се сплотуваат, како електрична струја да протекува меѓу нас двајца.

Го гледам во очите и знам колку е посебен.

Го сакам.

Тој ми е најдобар пријател. Нашите срца се сплотени во едно. Тој е некој кому можам да му ги кажам моите најмрачни тајни. Знам дека моите тајни се сигурни во неговите раце.

Сакам да знам сè за него.

Го ценам неговото мислење.

Сакам да ги знам неговите приказни од детството.

Го сакам во текот на денот, но и во ноќта.

Мојот маж е страствен.

Го поттикнувам да го истражува моето тело и му давам до знаење дека во тие моменти тој ми е сè во животот.

Не секој има можност да го сподели својот животот со некого и да ја открие сопствената среќа.

Затоа, го сакам уште повеќе и го ценам неговиот труд.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава