Кога една 24-ка ќе задоцни...

Беше викенд и како секој што залутал некаде далеку чекав 24-ка, некаде на преминот од ден во ноќ. Да бидам попрецизен, некаде околу 7 часот. Врнеше како некој да сакаше да ги измие сите нечистотии од душите - грешници кои живеат на овој свет.

koga-edna-24ka-kje-zadocni-01.jpg

Јас стоев со чадорот во раце и нервозно тапкав со десната нога, со надеж дека ќе се појави мојот (во тој момент) проклет автобус за да стигнам дома.

На станицата заедно со мене, стоеше средовечен маж некаде на 60-тина години. Не ни забележав дека беше таму и не му дадов некое преголемо значење.

На мое изненадување, човекот ми пристапи со солзи во очите, солзи како оние на дождот, искрени, вистински солзи.

Прашав дали можам некако да помогнам, а тој ми рече:

“Дај ми само малку време, додека чекаш да ти раскажам, друго не ми треба.”

Си помислив што можам да изгубам, секако чекам, барем и нему ќе му биде полесно, а мене нема да ми биде досадно. Откако започна помислив: „Зошто ми требаше ова? Сигурно ќе бистри некакви политики и ќе се жали за автобуси и ситуацијата околу нас...“ - депресивен муабет за кој не бев подготвен.

Пред да се премислам, тој почна:

“Да ти раскажам нешто околу скапоцените камења. Не! Не околу камењата, туку околу мојот скапоцен камен кој јас го прокоцкав. Знаеш луди години кога си мислиш дека светот ти е на раце и дека секое девојче гори да ги проба твоите усни. За тогаш ти зборувам, поточно за неа ти раскажувам.

Лили, висока, со костенлива коса, се знаевме уште од забавиште и се знаевме сè додека таа не ме напушти. Но, не замина на оној свет, не, не зборувам за тоа, фала му на Бога, бидејќи тоа би ме убило. Знаеш, Лили имаше мазна кожа и светол тен, кога зборуваше сите молчеа за да го слушнат тоа незабележливо шушкање кога ќе дојдеше до буквите  “Ш” или “С”.

Сите ја обожаваа неа, а таа ме обожаваше мене... А јас шупелка, оди со една, па со друга, цело време збирав камења, обични камења. Дојде и средно, дојде и факултет... Додека Лили гореше по мене, јас бев студен како надгробна плоча. И како што минуваше времето Лили се откажа од мене. Ми рече дека сум ја изгубил таа ведра насмевка и сè она што зрачело со живот во мене.

Јас ни тогаш не и обрнав внимание, сè уште си мислев дека сум магнет за женските срца. Но, се сеќавам дека на 21 јануари некаде во далечната 1978 Лили се омажи. Тогаш синко сфатив што направив. Тогаш сфатив дека дозволив заради џебови полни камења, да ми замине највредниот камен, мојот скапоцен дијамант.

И после тоа не можев, ниту да сакам, ниту да гледам друга, еве ме гледаш старец, сам и осамен. Немам потомство, бидејќи моето потомство не е потомство без Лили. Немам љубов, бидејќи љубовта не е љубов без Лили. Така да си знаеш... Зошто ми е сега „фраерлукот“ и времето поминато со сите тие безвредни девојки, кога можев да го имам светот со неа, а не да ги имам сите нив во светот? Ама нека ми е за ум, нека патам вака на старост”.

И плачеше како мало дете тука до мене.

Кога започна си мислев тоа ќе биде здодевен разговор со кој уште повеќе ќе се нервирам, но јас занемев и почнав да си вртам прашања во главата, додека тој со солзи се оддалечи во непознат правец.

Се запрашав дали јас го живеам животот правилно или се водам по туѓи правила?

Дали треба да го отфрлам својот дијамант и да имам куп камења за да бидам „кул“?

Дали за секоја моја постапка некогаш ќе жалам?

И само ми се вртеше едно огромно “Дали” во мојата глава, а мојата 24-ка уште не беше дојдена. По овој разговор се молев да дојде што побрзо за да ги оттргнам мислите.

Кој би рекол дека толку поучно може да биде доцнењето на една 24-ка?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава