10 работи за кои жените љубовници најчесто жалат

Страста и возбудувањето често се причина за започнување афера со оженет маж, која за многу кратко може да се претвори во разочарување. Барем така тврдат жените кои го искусиле овој љубовен триаголник.

10-raboti-za-koi-najcesto-zalat-zenite-ljubovnici-01.jpg

Што е најлошото што ќе ви се случи кога ќе станете љубовница?

1. Криење

Иако криењето се подразбира, на почетокот можеби ќе ви делува возбудливо, но по извесно време ќе се претвори во само губење време во некоја евтина хотелска соба или автомобил.


2. Лаги

Тоа што сте љубовница подразбира лаги, многу лаги. И колку што односот трае подолго, толку лагите стануваат поголеми. Со тоа ви расте и немирот. Тажното е што на крајот никој од пријателите или семејството нема да биде повреден од тие лаги, единствените кои ќе се чувствуваат лошо сте вие.


3. Грижа на совест

Какво и да е вашето уверување, бракот е свето нешто што не смее да се допира. Тоа посебно доаѓа до израз кога се вклучени и деца. Иако тоа не е нешто што треба да го засега љубовникот, сепак човечноста и грижата на совест ќе ве јадат однатре кога ќе западнете во таков однос.


4. Осудување

Луѓето ги осудуваат љубовниците, па дури и да ви велат во лице дека тоа не е точно. Што повеќе луѓе знаат за целата приказна, кругот на осудувачи се проширува, а поголеми се шансите тајните да прераснат во трач. Очекувајте дека потоа ќе важите за неморални.


5. На последно место

Колку и да мислите дека сте центар на светот, љубовниците секогаш доаѓаат на последно место.


6. Љубов или корист?

Дури и ако на почеток се базира само на секс, честите гледања ќе ве натераат да се запрашате дали почнуваат да се раѓаат некакви емоции или тоа е само искористување. Тогаш навлегувате во еден емотивен рингишпил кој во секој момент може да ве извади од колосек.


7. Добивате само делчиња

Колку и да се гледате често, сфатете дека како љубовница никогаш нема да доживеете појадок во кревет, заеднички родендени, празници, прослави, јавувања во кое време и да посакате... Тоа обично не пречи на почетокот, но ако работите се продлабочат...


8. Како да верувате?

Со оглед на тоа што вашиот однос се базира на лажење на трети лица, тешко е да се потпрете на љубовникот за било што. Дали тој се уште спие со својата сопруга и дали има намера да го напушти бракот се само дел од прашања на кои никогаш нема да добиете искрен одговор.


9. Сè води кон крај

Околу 90% од љубовните афери не завршуваат со развод, туку со прекин на аферата. Најчесто партнерот кој е изневерен дознава за целата ситуација и поставува ултиматум, со што неопходно е прекинување на секаков контакт со љубовникот.


10. Животот ви минува

Без да изградите нешто што ќе трае. Тој вид на деструктивно однесување кон самите себе може да премине во завист, па може да пропуштите вистински добри прилики за долгорочен партнер.

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава