Што доколку вашето семејство не го сака вашиот избраник?

Многу жени се благословени да имаат семејство во кое сопругот се вклопува идеално, но може да се случи вашето семејство да не сака да има ништо заедничко со човекот кој го сакате и сте го избрале за партнер во добро и лошо.

shto-dokolku-vasheto-semejstvo-ne-go-saka-vashiot-izbranik-go-saka-vasj01.jpg

Тоа може да биде многу стресно, но има некои работи кои можете да ги направите за да ја намалите тензијата:

Отворено разговарајте

Обидете се да дознаете која е причината, што ги предизвикува тие непријателски чувства помеѓу вашето семејство и вашиот партнер. Иницирајте цивилизиран разговор за проблемот.

Може да се работи за недоразбирање или неоснован страв кај вашите роднини, дека тој не ве сака или дека може да ве повреди.

Ако е така, тогаш разговорот може да биде доволен за да го надминете овој непријатен конфликт.


Не дозволувајте појава на непочитување

Без разлика дали вашиот партнер е присутен или не, не дозволувајте некој од вашето семејство да не зборува со почит или да го навредува.

Изјавете дека нема да толерирате таквиот тип на однесување и дека сакате ако не друго, барем да се почитуваат вашите чувства.


Разделете го вашето време

Кога секој ваш обид за среќно обединување ќе пропадне, обидете се да поминувате време и со вашето семејство и со партнерот одделно.

Разделете ги празниците, за да можете да поминувате време со сите кои ги сакате.


Кога имате деца, бидете сите заедно

Проблемите со сопругот и семејството можат да бидат особено тешки и непријатни кога имате деца.

Но, за свечените пригоди како родендени, обидете се да ги соберете сите заедно и замолете ги да се однесуваат пристојно, за да не се одразат тие проблеми на вашите деца.


Обидете се да не заземате страна

Колку и да ви е тешко, особено кога е очигледно дека едната страна се однесува бесмислено, никогаш не треба да заземете страна и да го одберете вашиот партнер пред семејството или обратно.

Покажете им дека ги сакате сите и дека навистина ви е жал што не можат да се сложуваат.

Ако одберете да застанете на една страна, тоа ќе ги зголеми негативните чувства кај вашите најблиски и ќе создаде понепријатна ситуација.


Не се обвинувајте себеси

Без разлика колку е непријатна ситуацијата во која се наоѓате, секогаш запомнете дека не можете да ги контролирате чувствата на луѓето и дека настанатата ситуација не е по ваша вина.

Тоа се возрасни луѓе кои се способни да носат свои одлуки, врз кои вие не можете или многу малку можете да влијаете.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава