5 типови на мажи кои дефинитивно не се материјал за брак

Иако не постои идеален маж, бидете сигурни пред да стапите во брак со некого дека таа личност ќе ве сака и ќе ве поддржува во сѐ што правите. На некои мажи тоа „едноставно не им оди“, па ако сакате да имате среќен и хармоничен брак подобро е да ги избегнувате.

5-tipa-mazhi-koi-definitivno-ne-se-materijal-za-brak-01.jpg

Овие 5 типови мажи не се „материјал за брак“, а еве зошто:

1. Мажи кои сакаат да експериментираат

Постојат мажи кои сакаат да експериментираат во сите полиња. Тие личности најчесто брзо менуваат партнери, затоа што на тој начин го задоволуваат своето его.

Вие ќе им бидете само уште една, а тие на брак нема ни да помислат. Таквите момци уживаат само во ноќните излегувања и флертување со девојки.


2. Емоционално повредени мажи

Мажите кои тешко простуваат и кои се наоѓаат во период на совладување емоционална болка не се погодни кандидати за брак.

Тие ќе внесат болка и незадоволство и во вашата врска, а ако почнете разговор за брак со таква личност, отворено ќе ви кажеме дека тоа нема да успее.


3. Мажи кои премногу се фокусирани на нивната кариера

Овие типови мажи кариерата и нивните професионални цели ги ставаат на прво место. За нив во примарен фокус се наоѓа напредокот и секогаш бараат подобри можности и зголемување на нивните финансии.

Ако тој ја сака својата работа повеќе од времето кое го поминувате заедно, тогаш тој нема да ве усреќува.


4. Мажи кои ги немаат преболено своите бивши

Не помислувајте на врска, а камоли на брак со ваквите мажи. Тие постојано се опседнати со својата бивша девојка и вашиот однос постојано го споредуваат со односот во минатата врска.

Тоа ќе предизвика проблеми во врската кој сигурно нема да има светла перспектива, барем додека тој не одлучи да излезе од минатото и да се насочи кон иднината.


5. Мажи кои не сакаат да се обврзуваат

Ако сте во врска со маж кој бега од обврзување, таквото момче сигурно нема да сака да се венча со вас. Тој ужива во излегувањата, вечерите и дружењето со вас, но ако му спомнете брак, тој веројатно уште истата секунда ќе избега. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава