Кого избираме да го сакаме и зошто?

На нашиот пат низ овој живот запознавате многу различни луѓе, од кои некои се уникатни. Некои луѓе не можат да не остават рамнодушни. Но, зошто различни луѓе предизвикуваат различни реакции во нас. 

Kogo-izbirame-da-go-sakame-i-zosto

Кого избираме да го сакаме и зошто?

Слики од минатото

Понекогаш тешко е да се разбере зошто сте заинтересирани за одредена личност, односно зошто толку ве привлекува. Вашиот избор најчесто се должи на инстинктивните и често несвесните работи. Некаде длабоко во себе ги задржувате сликите на луѓето кои одиграле важна улога во вашиот живот, како родители, блиски пријатели...

Овие слики често се мешавина од реалноста и имагинацијата од детството, а ги поврзуваме со љубов која ја добивавме кога бевме деца. Кога ќе запознаете личност која на некој начин се совпаѓа со овие слики, кај вас се будат спомени на кои не можеме да останеме рамнодушни. Заинтригирани сме, возбудени и многу брзо можеме да се вљубиме.


Рани од детството

Постои идеја во психологијата дека партнерот кој го одбираме е подобрена верзија на еден од нашите родители. Ако ви недостасуваше љубов во детството од вашата мајка или татко, ова потсвесно ќе влијае на вашиот избор на партнер за кој мислите дека ќе успее да ги залечи вашите рани од детството.


Откривање на едни со други

Односот помеѓу двајца луѓе е жив организам кој постојано се развива. На почетокот на врската луѓето се потопени од чувствата и не ја гледаат реалната слика на својот партнер. Тие изгледаат идеално. Но, порано или подоцна, кога првите искуства ќе стивнат пред вас ќе видите обичен човек кој не е секогаш сосема сличен на вас, со сите свои слабости и недостатоци.

Постојат два начина да се справите со ова. Можете да се разочарате и да почнете да барате нови, „идеални“ луѓе или можете да научите како да постигнете компромис, да ги почитувате разликите, да ги прифатите несовршеностите и да сфатите дека идеалното не постои.

Тајната на успешните и среќните врски е комуникација, согласна интеракција (без меѓусебно обвинување за работи, без манипулација), како и взаемна желба за компромис и подготвеност да се зборува за болката и конфликтот. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава