Знаеш ли колку е проклето чувството на недостигање?

Знаеш ли колку е проклето чувството на недостигање? Колку ли само е тешко да треба да живееш од спомен на допир, на срцебиење на сите тие „мамбо џамбо“ глупости?

cuvstvo-na-nedostiganje-01.jpg

Тешко е затоа што почнуваш да го запознаваш – да дознаваш што сака, а што мрази, што го развеселува, а што го растажува... му го гледаш тоа во очите.

Ги лизгаш рацете низ неговата коса и му ја гледаш насмевката. Одблиску и уште поважно му ги гледаш очите. Блескаат, имаат некој неопислив сјај и го гледаат градот кој толку мирно спие во толку необично време. Да го гледаш некого одблиску е посебна привилегија.

Да имаш можност да му го допреш лицето, да ја запознаеш секоја празнина, секое влакно од брадата, секоја точка, сѐ... е можност која ретко се добива.

Чувството е бесценето. Да го гледаш и да знаеш дека сака секоја минута да ја помине со тебе. Да мрзне само за тебе да ти е топло. Вистински џентлмен кој секогаш те допраќа до врата, те остава прва да поминеш и ти го придржува столот. Постојано ти дава комплименти и те прави исполнета.

Ти ја задоволува секоја желба и те бакнува насекаде. На вратот, по лицето, а неговите топли прсти го допираат задниот дел од твоите уши. Ги ставаш твоите раце во неговите широки џебови и прстите ви се поклопуваат. Неговите груби и силни раце нежно ја стегаат твојата мала дланка и се лизгаат нагоре-надолу.

Чувствуваш сигурност. Онаква каква што никој досега не ти ја пружил. Те седнува на високи места, те турка до крај, те враќа и на крај, те бакнува. Те предизвикува да искусиш страв и потоа ти ја враќа довербата. Ќе се потпре на тебе со неговото силно тело и тогаш не можеш да се плашиш. Не те остава да почувствуваш ни најмала ронка страв.

Вистински маж од соништата, од реалноста. Онаков каков што секоја девојка би посакала.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава