Заробена во пајакова мрежа

Мајка ми секогаш велеше луѓето не заслужуваат втора шанса, не знам зошто велеше така, но секогаш кога ќе го спомнеше тоа и се насолзуваа очите.

zarobena-vo-pajakova-mreza-001.jpg

Ме болеше нејзината болка, но никогаш не дознав што се случило...

Колку и да беше таа убедлива и колку и да се стремеше да ми пренесе сè она што искусила, едноставно јас бев тврдоглава и никако не дозволував да научам од другите искуства, туку сакав сѐ сама да искусам.

И не ми требаше многу, како сите тинејџерки живеев со полна пареа. Знаев да се снајдам во училиште, но знаев и да бидам лоша девојка.

Kога вака ќе се потсетам, бев паметна будала, колку тоа и да звучи смешно.

Секогаш имав насмевка и бев соодветно облечена за годините, малку кармин и маскара, високи потпетици, малку бижутерија, што би рекла баба ми, бев како кукла.

Така многумина често ми приоѓаа и се обидуваа да украдат дел од мојата насмевка и да го задржат моето внимание. Јас никогаш не треперев пред нив на начинот на кој тие трепереа пред мене. Сè додека не го запознав него.

Кога го запознав тој имаше некоја скриена жар во очите, си мислев дека чува цел свет за мене, мислев среќна ќе бидам ако еден ден носам прстен со дијамант токму од него на мојата рака. Си велев ако тој не ме запроси, тогаш јас тоа ќе го направам, многупати си помислував, бидејќи мислев дека сум открила таен извор на искрени чувства.

Сметав дека тој е пијалакот кој ќе ми ја зачува младоста и ќе ми ја оттргне тагата.

Но, откако тој дојде во мојот живот некако сè ми се промени. Тој сакаше црни девојки, па јас морав да ја обојам косата црна, дури и веѓите, за да ги исполнам неговите секс фантазии.

Не сакаше премногу шминка, иако ставав само сјај за усни и маскара или моливче, тоа нему му пречеше, па јас престанав да ги користам. Повторно ќе кажам - го сакав неизмерно.

Сакав глума, иако тоа не ми беше главната професија, сакав да бидам на сцената, но тој не сакаше моето витко тело и мојот талент да бидат експонирани пред другите, па јас престанав да ја давам својата пот за даските во блиското кино кои ми значеа сѐ.

Другарките излегуваа скоро секој викенд, јас не можев, не бидејќи бевме заедно со него, туку бидејќи тој мислеше дека таква убава девојка не смее да излезе со женско друштво. По правилото дека таа е најубава, ќе биде мета за сите ловци кои ќе се најдат во близина. Но, и преку тоа поминав.

Го сакав крај мене, за мојата рака, но секогаш ми ја испушташе кога ќе дојдеа неговите другари. Неколку пати проба да ми објасни дека не сакал да биде мотив за потсмев, тој мораше да биде алфа мажјак или подобро речено Ахил без ранливата пета.

А, јас само сакав да ме погледне, да му текне барем еднаш додека се шетавме, да се заврти и да ги скине розите од градините низ кои поминувавме. Но, и тоа ми стана секојдневие, ја прифатив неговата неромантичност.

Во телефонот имаше најразни имиња, сите беа машки, еднаш во обид да заѕвонам кај другар, се јави другарка која не ја ни познавав. Ми рече дека не сум смеела така да пребарувам по туѓи работи, иако именикот беше преполн со имиња кои не ги познавав.

Јас сепак секаде, на сите им кажував колку го посакувам, на сите им раскажував за нашата огромна љубов и за тоа колку јас сум среќна. Што е најлошо и бев среќна.

Додека јас го ставав на тронот, потенцирајќи ги сите негови позитивни карактеристики, тој само ми наоѓаше маани одново и одново, а јас како неписмена ја следев слепо таа патека на пропастот.

Еднаш ми удри шлаканица. Си помислив и тоа се случува. Наместо да заминам, јас упорно се втурнував во низа на простувања само за да го задржам. А, што задржував?

Себичен човек кој легнуваше со секоја втора која ќе ја сретнеше на улица, секоја лесна девојка која ќе му се насмевнеше и ќе му дадеше број без проблем, а му даваше број бидејќи беше симпатичен. Но, каква корист имав јас од неговата симпатичност.

Тој беше еден процеп преку кој јас дозволив надворешноста да ја види мојата слабост. Тој ме имаше мене за роб, без притоа да помисли дека ниту еден роб нема вечно да е роб. Или ќе го ослободат или тој ќе изгине.

Не знам каква револуција се случи во мене, но јас престанав да велам те сакам, одев со него од рутина. Упорно се грижев да бидам несреќна додека светот ми се смееше во лице, но заборавив, јас бев заљубена.

Додека ги отворив очите, јас веќе бев заробена во мрежата, среќа мојата убавина не дозволи пајакот да ме проголта, а за уште поголема среќа мојата интелигенција не дозволи јас да скапам покрај него.

Го напуштив на начин на кој што најмногу би го болело. Најдов човек кој ја обожава мојата руса коса, мојата шминка, мојата рака на неговата додека шетаме, моите соништа и моите аспирации за идината.

Можеби нема многу, но ми подарува рози од градините низ кои минуваме, а оној кој мислеше дека ме фатил во својата стапица, остана со празна пајакова мрежа, без плен и со солзи во очите.

И го боли, знам дека го боли, но ако. Еднаш заради него и јас се чувствував безвредна, а не можев да видам дека вредам многу...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg