Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да најдете љубов после разводот?

Животот после разводот е невистина тежок, бидејќи од една страна треба да го надминете болното чувство кое тој го предизвикал, а од друга да прифатите колку многу вредите и повторно да живеете.

kako-da-najdete-ljubov-posle-razvodot-001.jpg

Една жена која се развела на 31 година, после 12 години брак раскажува за промените кои ѝ се случиле по одлуката за прекинување на бракот. Стапила во брак на 19 години со човек кој го сакала, но решила да излезе од сето тоа бидејќи сфатила дека станала личност која не се сака себеси и не може да го сака ниту сопругот на начинот на кој тој заслужува.

„Разводот во тој момент беше најтешката одлука која сум ја донела во животот, но и одлука која ме ослободи од стегите на личноста во која се претворив. Едноставно морав да го напуштам бракот за да почувствувам што значи да живеам, да погрешам, да ја почувствувам ужасната болка на осаменоста и да откријам која сум. Не го напуштив бракот заради тоа што сопругот не ме сакаше или бидејќи јас најдов некој друг, едноставно тоа го направив за себеси“ - објаснува.

Три години по разводот таа објаснува дека се чувствува како сосема друга личност која е подготвена да ги исполни ветувањата дадени на себе и сака со своето искуство да им помогне на сите жени кои се наоѓаат во ситуација како нејзината.

Најтешкото нешто од кое треба да се откажете при ставањето крај на бракот е животот кој го делите со некого, легнувањето заедно, станувањето заедно, делењето храна, дом... сето тоа е навистина тешко. Но, сепак нема ништо потешко од тоа да останете во врска или брак кој ве прави несреќни.

Ова се советите кои оваа жена ги споделува за тоа како повторно да верувате и да ја најдете љубовта после разводот:

1. Имајте секс

Сте поминале години или можеби децении, во (најверојатно) лојална врска. Сте вложувале многу во неа, воспитувањето  на деца, одењето на работа, вршењето на сите домашни обврски (перење, готвење, раскревање, миење) за на крајот мртви уморни да легнете во кревет без да имате минута време за себе.

Сте го посветиле целото време на другите без да оставите момент за вас. Сега е време да посакувате некого и да се почувствувате посакувано. Важно е да ги исполните своите потреби без да се чувствувате обврзани за нешто. Исто така, важно е да сфатите што сакате, а што не од партнерот – сексуална привлечност или романтичност.

Научете ја разликата меѓу љубовта и занесот, какво е чувството кое се има секс само заради задоволство. Не мислете дека сè треба да се сведе на секс, излегувајте, научете повторно да се забавувате, да се возбудувате од помислата на некого, почувствувајте ги пеперутките – и најважно почувствувајте се себеси.


2. Бидете во целибат некое време

Некое време излегувајте и имајте секс, а потоа повлечете се и останете сами некое време. Во текот на тоа време ќе размислите за сите работи кои ви се случиле дотогаш, за тоа што сакате да задржите во животот, а што да отфрлите.

Не ja потиснувајте потребата за секс во текот на тоа време, мастурбирајте и откривајте го своето тело. Дури во моментите кога ќе бидете среќни и задоволни со самите себеси подготвени сте да продолжите понатаму.


3. Отидете на патување сами

Ако имате деца најдете дадилка. Ако работите земете слободни денови. Не наоѓајте изговори дека не можете да го направите тоа. Пијте вино во наметка на балконот од вашата хотелска соба и почувствувајте го животот. Прочитајте добра книга.

Одете во ресторани и јадете храна која никогаш порано не сте ја вкусиле. Шетајте низ улиците на градот кој никогаш не сте го виделе. Изградете врска со природата и луѓето кои ги сретнувате бидејќи сите тие имаат своја приказна.


4. Научете нешто ново или нешто различно

Запишете се на некој курс. Завршете го факултетот кој отсекогаш го сакавте. Аплицирајте за работата која ја сакате и оставете ја таа која ве прави тажни и нервозни.

Откријте ја вашата страст – таа е најголемо богатство. Наоѓањето на вашата страст е како стапување во брак со човекот на вашите соништа, или нешто уште подобро – таа никогаш нема да се разведе од вас.


5. Проширете го кругот на пријатели

Оние кои биле подолго во брак речиси и да заборавиле колку е добро пријателството со маж. Луѓето често имаат тенденција да ги запоставуваат пријателите кога се во врска или брак заради приоритетите и постојаниот недостиг на време. Кога повторно ќе се поврзете со нив, ќе сфатите колку многу се тие важни и колку ви недостигале.


6. Влезете во врска кога ќе бидете подготвени

Започнете нова врска дури тогаш кога ќе се чувствувате целосно подготвени за неа. Забележете како ќе се чувствувате. Заљубете се и бидете подготвени на сè - неизмерна љубов, но и кршење на срцето.

Првата личност во која ќе се заљубите после разводот на некој начин е нова прва љубов во вашиот живот. Тоа најчесто ќе биде личност со сосема спротивен карактер од тој на сопругот.

За време на оваа врска преиспитајте се себеси и своите граници, грешете и видете кои работи функционираат а кои не. Првата љубов после бракот е еден вид на премин од стариот живот кон новиот, преку која ќе научите најмногу за себеси.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Депресивните личности се пронаоѓаат и стапуваат во депресивен брак, со став „ние против светот“ - Но... Кога ќе се сретнат две депресивни личности, кои негативно гледаат на сè, тие доб...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg