Искажување чувства на машки начин: 7 гестови кои кои го издаваат дека е заљубен во вас

Зборовите „те сакам“ и за жените и за мажите имаат многу длабоко значење, но понекогаш на двата пола им е тешко да ги изговорат. Но, мажите се попознати дека имаат проблеми со комуникацијата. 

iskazuvanje-cuvstva-na-maski-nacin-7-gestovi-koi-go-izdavaat-deka-e-zaljuben-vo-vas-01

А дека делата се погласни од зборовите откриваат следните гестови со кои може да препознаете дали навистина му е грижа за вас:

1. Долги страсни бакнежи

Бакнежот со затворени очи кој долго трае е емотивен момент и за вас, но и за него. Ако доживеете ваков момент, тогаш знајте дека искрено и многу му значите.


2. Насмевка по бакнеж

Бакнежот е полн со силни емоции, но она што се случува после него е уште поемотивно. Ако забележите дека веднаш после бакнежот нежно се смешка, верувајте ни дека покрај вас имате заљубен маж.


3. Ве слуша и ве набљудува додека зборувате

Пратете го неговиот поглед и тој ќе ви открие многу за неговите чувства. Ако забележите дека прво ги гледа вашите усни, па очите и внимателно слуша што зборувате, тоа може да значи дека е многу заљубен.


4. Сака да ве носи секаде

Мажите не се по шопингот, ниту по разгледување излози. Ако вашиот партнер не е обожавател на ваквите активности, но сепак е подготвен на таков начин да го помине денот со вас и притоа му е забавно, тогаш сигурно се работи за силни чувства.


5. Неговиот поглед ве прати уште од далечина

Кога сте на јавно место како кафуле или ноќен клуб и се оддалечите од него, но секогаш кога ќе погледнете во негова насока и забележите дека ве бара со поглед, бидете сигурни дека тој е длабоко заљубен во вас.


6. Постојано е дотеран кога е во ваше друштво

Кога ќе се договорите за вечерно излегување, прошетка низ градот или макар на за шопинг, тој секогаш е дотеран, намирисан и изгледа беспрекорно. Верувајте дека тоа е само поради вас.


7. Спонтано ве допира во јавност

Кога сте заедно во ресторан или кафуле ако  ви ја стави раката околу половината додека одите, ви ги допира бедрата додека седи покрај вас, или ја стави раката над вашата – ова се знаци на силни и длабоки чувства.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава