Заминав бидејќи не можев да кажам извини, а ти не заслужуваш таков човек

Седам во тишина, под малата светлина од ламбата во левиот ќош на собата, носам црни, меки влечки, а нозете ми се боси и ладни.

dali-izvini-e-navistina-najteskiot-zbor-01

Облечен сум во пижамите кои ти ми ги поклони, а освен нив на себе го носам и гревот на мојата душа. Нервозно ги пикам рацете низ мојата коса, барајќи решение на оној проблем кој ме мачи.

Низ главата ми минува нашата последна средба и нашето последно збогување. Но, кој знаеше дека тоа ќе биде збогување засекогаш?

Отсекогаш сме биле два камења на површината на бистро езеро, создадени за да бидат стабилни и заради нив да се прават најубавите слики во водата, но никогаш не доволно за да бидеме заедно.

Ти ме учеше на простување, ти ме учеше на љубов и колку тоа животот може да биде прекрасен.

Од друга страна јас те научив колку суров може да биде овој свет.

Зедов сè она што беше вредно од тебе и те натерав да го мразиш машкиот род, учејќи те дека солзите можат да станат дел од твоето весело секојдневие.

Да бидам искрен немав намера никогаш да останам, никогаш не ни сакав да се врзам, сметајќи дека тоа само ќе го повреди оној кој ќе застане до мене како вечен сопатник, а јас ќе станам ранлив и лесно поразлив човек.

Не ме прашувај зошто тоа беше така, едноставно беше врежано во мојата глава и беше прифатено како општо правило за среќен живот.

Ти се појави од никаде, сама се вметна таму некаде во моето секојдневно зјапање во небото и моите несфатливи содржини во мозокот.

Јас не те натерав, ти бараше. Ме прифати онаков каков што никој друг не би ме прифатил ниту под точка разно.

Бев среќен, би лажел ако го кажам спротивното и сигурно се прашуваш зошто ако бев среќен во твојата прегратка одлучив да заминам без притоа да ми текне некако да ти објаснам.

Тогаш немав зборови, ниту срце да си простам себеси, а потоа и на сите останати.

Тогаш немав ниту сила ниту зборови кои можеа да бидат кажани. Но затоа, сега додека темнината јаде сè наоколу, јас решив да ти напишам што е она што ме натера да ги заборавам тие убави, сини очи кои ме правеа среќен.

Колку и да ти изгледав силен и моќен, мачо и како воопшто да не ми е грижа за светот околу, јас кукавички избегав, бидејќи не можев како вистински маж да застанам и да ти кажам извини.

Немав сила бидејќи тоа беше претежок збор за мене, пресилен и премоќен за да го изговорам.

Немав храброст да се извинам за секоја солза која ти ја предизвикав, за секое неверство, за секоја болка која мораше да ја доживееш живеејќи во моја близина.

Заминав бидејќи не можев да речам извини, а ти не заслужуваш човек кој не може да се извини, за да премине преку сето тоа и да почне одново.

Сигурно сето ова нема да има смисла додека го читаш, но за мене има смисла.

Јас те видов за рака со него, не го знам ниту кој е ниту каде сте се сретнале. Но, ти беше среќна, а кога ти си среќна и јас ќе бидам среќен, знаејќи дека сум направил вистинска одлука.

Само сакам да го прифатиш ова писмо, како знак за извини.

Јас ќе сочувам копија, за да ме потсетува на мојата слабост и мојот страв од тоа да го прифатам неговото величество.

За да не заборавам дека можев да бидам среќен и да ја имам жената која не ја заслужував, за да ми го обои светот, само ако најдев начин, во вистинско време да го изговорам, за да ме избави од сите лоши работи кои ја труеа мојата душа.

Но, некои од работите во животот имаат можност да се случат само еднаш...

Потоа секој чекор е залуден...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg