Вистинската љубов е ретка: 10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите за првпат

Љубовта е чудна работа, најсилната емоција на светот, посилна и до гравитацијата, но таа има свој пат кој не можете да го контролирате кога сакате и како сакате.

vistinskata-ljubov-e-retka-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-da-se-zaljubite-za-prvpat-01.jpg

За да се заљубите и да ја најдете вистинската љубов потребно е време и уште неколку работи кои треба да ги имате на ум.

1. Заљубувањето не е лесно

Заљубувањето значи солзи, кршење на срца, долги разговори длабоко во ноќта и многу спомени. Да се заљубите во некој не  е лесна работа и секако дека не може да ви се случи во два дена, потребно е време.


2. Бидете сигурни

Понекогаш потребно ви е толку многу љубов и внимание што мислите дека сте се заљубиле во некој. Тоа не е во ред. Вашето срце прави што сака, но тоа не значи дека треба да го прифатите она што срцето ви кажува дека е правилно. Понекогаш не треба да се фаќате за секоја најмала симпатија или знак на емоции.


3. Не мора да се заљубите во секој љубовник кој го имате

Да се заљубите во некој и да го дадете целото ваше срце претставува посебна работа. Многу девојки ја даваат целата своја љубов, а не добиваат ништо за возврат, тоа значи многу болка и солзи, но само така го правиме срцето посилно.

Некои момци ќе прават да се чувствувате посебно, некои паметно, а некои убаво. Но, важно е да го најдете оној за кој ќе бидете единствени и неповторливи. Кој ќе ви покаже дека сте онаа вистинската.

Најдете го оној кој ќе се смее кога ќе ве види, но не само поради вашиот физички изглед, туку и за вашите ум и душа.


4. Не го давајте срцето лесно

Посебно не на луѓето кои не го заслужиле. Покажете ѝ на личноста дека вреди да ве сака. Дека сте подготвени да дадете сè за таа личност, но срцето него давајте, ако не сте 100% сигурни дека на таа личност ѝ значи вашето срце.

Дајте го на личноста која ќе допре до вашата душа и ум, чија нежност ќе ја почувствувате со секој ваш атом.


5. Вистинската љубов е ретка

Ако ја најдете, чувајте ја. Борете се за вашата љубови покажете дека вашата љубов не е само фаза, минлива работа. Љубовта е засекогаш, без оглед на тоа што ви носи животот. Можеби ќе наидете на препреки, но со текот на времето, само ќе ги надминете.


6. Не кршете туѓи срца само затоа што вашето е скршено

Можеби вашето срце плаче, но тоа не значи дека треба да ги кршите и туѓите срца, само за да се чувствувате подобро. Одмаздата нема да ви донесе ништо добро.


7. Многу често ќе се залажувате

Понекогаш ќе ви се случи да бидете убедени дека сте ја пронашле вистинската љубов, дека она момче со прекрасни кафеави очи е тоа кое го заслужува вашето срце... и тој ќе верува дека го сакате со сето ваше срце.

Но, фантазиите ќе поминат и ќе раскинете. Само така ќе научите како да се грижите за вашето срце и како да ја најдете вистинската љубов.


8. Не ги заборавајте пријателите

Никогаш не се откажувајте од вашите пријатели, само затоа што некој го допрел вашето срце. Вистинските пријатели се ретка работа и треба да ги цените.

Да имате вистински пријател е една од најубавите работи. Пријателот ќе ве смее, ќе ве теши, ќе ви дава искрени совети и ќе се грижи за вашата душа. Потенцијалниот партнер ќе си замине.


9. Не ги искористувајте луѓето

Не ги користете луѓето за остварување на вашата одмазда на поранешната љубов, не го оставајте вашиот товар на некој друг.

Не бидете ладни. Ако вашето срце е скршено прво научете како повторно да се вратите на патот кон среќата, а потоа барајте ја љубовта.


10. Помирете се со ситуацијата

Помирете се со вашата моментална состојба и така ќе ја пронајдете вистинската љубов. Првата личност во која треба да се заљубите сте самите вие, а потоа во некоја друга душа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...

Најчитани неделава