Да, некогаш те сакав - сега можеш да спиеш мирно...

Зошто оние кои ги сакаме, но со кои сме ја прекинале врската, понекогаш одлучуваат да ни се вратат? Оној маж кој ви го скршил срцето, од кој сте си заминале со солзи во очите - приказна која никогаш не ја заборавате.

da-nekogash-te-sakav-sega-mozesh-da-spiesh-mirno-01.jpg

Таквите луѓе речиси никогаш не се разликуваат од било која операција по која сè уште со себе си ја носите лузната на местото каде некогаш имало огромна рана.

Ви разјаснил дека сè е завршено, а потоа решава ненадејно да се врати во вашиот живот. Зошто се враќа?

Еднаш месечно или барем на секои шест месеци добивате од него некоја порака или повик. Сака да знае што се случува во вашиот живот, да се пофали за своите успеси, да ве покани во кино или повторно да ве врати назад во пеколот...

Не разбирам. Целиот мој живот ми се чини како страдањето и збунетоста да не завршуваат тука. Досега бил во брак двапати и јас бев, сите лоши работи биле кажани, сите извинувања... Станав индиферентна многу одамна, а сепак, сè уште знае да боли.

Сè се сведува на таа контрадикција - индиферентна сум, а сепак, ме боли.

Не звучам убедливо?  Па, тоа се моите емоции. Кога се вљубуваме, ги отвораме нашите срца - и тоа е како еден огромен канал низ кој постојано минуваат информации кои се невозможни за контролирање.

Личноста која нè повредила сè уште има пристап до тој канал и повремено знае да стигне до оние најдлабоките, скриени емоции.

Кога тогаш, ќе се јави и ќе ве праша што правите, што се случува во вашиот живот, а зад сето тоа се крие само едно нешто: „Ме сакаше некогаш?“.

А, одговорот секогаш е „Да, со сето срце“.

Но, тие зборови никогаш не се изговараат.

Па главниот заклучок, можеби и од другата страна треба да бидат возвратени работите? Можеби и јас еден ден треба да се јавам, да прашам што прави или барем искрено да одговорам на она скриено прашање...

Да кажам: „Те сакав... Сега можеш да се смириш...“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава