Зошто ниту една љубовна врска не е целосна без куче?

Чувањето на куче е огромна обврска која бара посветеност и безрезервна љубов кон животното со кое сте одлучиле да го делите својот дом.

3-pricini-zosto-vasata-vrska-ne-e-celosna-bez-kuce-01

Кога се во прашање врските каде еден од партнерите чува куче или какво некое друго животно, од огромна важност за иднината на врската е како другиот партнер се однесува со нивниот миленик.

Друг важен тест за ваквите врски е заедничкото живеење каде обврските кон миленикот се делат меѓу двајцата партнери и постои условување дека оној чиј е миленикот треба да се грижи за него.

Ако ги надминете овие два важни моменти бидете сигурни дека вашиот крзнен член на семејството ќе ве научи на важни вредности и лекции кои во никој случај не би ги сфатиле кога тој не би бил покрај вас.

1. Ќе поминувате многу поквалитетно време заедно

Преголемиот број на обврски честопати ве спречуваат да поминете макар и половина час насамо со партнерот. Прошетката на кучето е одличен начин како да се релаксирате и поминете квалитетно време заедно кое во друштво на вашето куче ќе биде исполнето со многу смеа и радост.

Исто така ваквите опуштени прошетки ќе бидат одлично место за долгите и сриозни разговори кои би биле многу понапорни и помачни доколку ги водите во некој ресторан или некое гласно кафуле.

2. Многу повеќе се приврзувате кон домашниот живот

Многумина од нас имаат широки кругови на пријатели и често обидувајќи се да поминат време со секој од нив забораваат колку може да биде убаво времето поминато дома. Радоста на вашето куче секогаш кога ќе се вратите од работа ќе биде причината заради која ќе сакате многу повеќе време да поминете со него.

3. Се приврзувате кон новите обврски

Кучето само по себе е голема обврска. Можеби не толку голема како одгледувањето дете, но можеби на некој начин одличен пример за тоа што сè ве чека понатаму во животот.

Кучето е одличен начин да научите дека не постојат „машки“ и „женски“ обврски и дека обврските се заеднички. Ваквото споделување на обврските може да биде одличен показател за тоа каква иднина ѝ претстои на вашата врска.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава