Писмо до момчето кое „не беше подготвено за врска“

Еднаш ми кажа „извини за она претходно“, а јас се смеев. Додаде „ако ти значи било што“, а јас уште се смеев. Не ми значеше ништо. Ниту едно извини, после кое следуваше оправдување, никогаш ништо не ми значело.

pismo-do-momceto-koe-ne-bese-podgotveno-za-vrska-01.jpg

Тоа што не примам извинување, не значи дека не сум ти простила. Одамна. Штом сфатив дека не можеше и не знаеше поинаку. Но, уште се мачам за да си простам себеси што бев убедена дека можеш да научиш.

Не ми ни падна на памет дека јас не сум таа за која ќе можеш подобро, пострастно, пољубовно...

Не сакав да останам без тебе. Иако не те ни имав многу, не реално. А, мене ми требаше многу повеќе.

Сепак, те прифатив неподготвен. Таква ти е природата и таква беше врската. Млад, неискусен, незаинтересиран, во потрага по работите кои ќе те определат, дефинираат, оздрават...

Не ми беше здодевно да те чекам тоа да го изведеш, да гледам како напредуваш, да навивам за тебе. Никогаш не ми досади. Но, не ми падна на памет дека тебе не ти треба жена навивач, ментор, водач, советник, пријател. Или барем дека јас не сум таа жена.

И сега размислувам за се што претходно не ми падна на памет. Затоа што сакам да знам дали не беше подготвен за мене или таа подготвеност е нешто што го имаш или немаш.

Дали си подготвен сега? Не за мене. За себе. За живот. Дали некогаш ќе бидеш подготвен?

Би сакала да те набљудувам одблизу. Затоа што никогаш не заклучив дека немаш капацитет или дека нема надеж за тебе. Никогаш не престанав да навивам за тебе.

Посакувам да останеше покрај мене. Посакувам уште да си до мене. Би сакала да си среќен со мене. Но, би сакала и да пораснеш во човекот кој го сакаш, да бидеш среќен со некој, да се сакаш себе.

Љубовта е чудна. Сигурна сум дека е љубов, затоа што не престана. Јас знам дека не си мојата сродна душа, мојата друга половина. Но, само со тебе тежнеев кон слобода.

Не си љубовта на мојот живот која ќе ме буди, турка низ животот и раздрма кога ми е потребно. Но, вистина е дека си ми љубов. Само не таква за каква беше подготвен.

Кога само би можел да се видиш со моите очи, можеби ќе почнеш конечно да се сакаш таков каков што си. Можеби ќе бидеш подготвен. Можеби ќе можеш. Некаде, некогаш, со некој.

Можеби сега конечно сум подготвена да го прифатам тоа...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава