Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лоша комуникација, недоволна интимност: 5 знаци дека е време за разделба

Раскинувањата се тешки, збогувањата уште потешки, но тоа не значи дека не се правилни. Иако „вазите“ треба да бидат лепени и поправани, некогаш не останува што да залепиме. Затоа, се разделуваме. Во одредени случаи многу е подобро да бидеме сами, отколку несреќни.

losa-komunikacija-nedovolna-intimnost-5-znaci-deka-vreme-e-za-razdelba-01

А ова се знаците кои го покажуваат тоа:

1. Лоша комуникација

На почетокот од врската сѐ тече мазно – не можете да се договорите кој да зборува повеќе. Откривате нешта еден за друг и се запознавате, но по некое време комуникацијата може да спласне, но не смее да изумре. Еден од првите знаци по кој ќе препознаете дека дошол крајот е изостанување или лоша комуникација.


2. Ограничена интимност

Исто како со комуникацијата, така и физичката интимност е навистина интересна на почетокот. Малку експерименти, забава, возбуда... но сето тоа со текот на времето исчезнува. Постојат многу трикови како да ја вратите магијата, но ако ниеден не ви успеал, тоа значи дека не сте еден за друг. Иако сексот не е најважниот дел од врската, тој сепак е исклучително важна компонента.


3. Опции vs. приоритет

Да се биде приоритет е ласкаво чувство и привилегија која реално никој не би сакал да ја изгуби. Се чувствуваме посебно, важно и значајно. Ако почувствувате дека веќе не сте приоритет и дека станувате само една од опциите, тогаш време е за крај.

Секако дека ако се работи за длабока врска дека треба да се обидете да ги поправите работите, но кога ќе видите дека не функционира, најдобро е да се откажете и да ја побарате среќата на друго место.


4. Повеќе сте сами отколку заедно

На почетокот нема нешто што не го правите заедно, но со текот на времето како и сите претходно наведени нешта и ова престанува да биде така. Повеќе сакате да излезете со пријателките или да бидете сами или пак да излезете на пиво со другарите.

Зошто би биле со некој кога веќе не ни сакате да бидете во негова/нејзина близина?


5. Постојано мора да глумите

Отпрво, се дотерувате и се обидувате да се прикажете во најдобро светло, но по некое време вистината излегува на површина. Не само што физички не се трудите, туку и карактерно – се откриваат вашите и мааните на партнерот.

Ако сметате дека не можете да ги прифатите или дека навистина пречат на вашиот однос и дека нема подобрување и покрај бројни разговори, тогаш време е секој да тргне по својот пат. Никогаш не треба да се трудите премногу за некој друг, треба да бидете вие – вашата искрена и единствена верзија. Да бидете личноста покрај која партнерот со задоволство ќе се буди, а и вие покрај него.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg